АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ ВО МАКЕДОНСКАТА КНИЖЕВНОСТ
300 мкд
Оваа книга на Ранко Младеноски претставува обемна, темелна и детална студија во која се елаборира застапеноста на македонскиот крал Александар III Македонски во македонските книжевни дела како лик (но и како лирски субјект во поезијата), и тоа, пред сè, од аспект на неговата улога како лик-знак што поврзува бројни народи и култури.
МАКЕДОНСКИ КОДИКИ ИЛИ ПОМЕНИЦИ ОД 19 ВЕК
250 мкд
Кодики или поменици се ракописни книги во коишто се испишани имињата на разни спомагатели на одредени цркви или манастири и нивното место од каде што доаѓаат.
Во кодиките се среќава богат ономастички, топономастички и етнографски материјал и се значаен дел од македонското културно наследство.
СОВЕТИ И РАСКАЗИ ОД КЕКАВМЕН
300 мкд
Книгата „Совети и раскази“ – чиј автор е Кекавмен, е пишувана од 1075 до 1078 година, и претставува една вистинска слика на општествено-политичките и економските состојби во Империјата во XI и XII век.
СТУДИИ ЗА ХЕРАЛДИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА
400 мкд
Книгата содржи стручни и научни сознанија и анализи од областа на историјата на уметноста, фокусирани врз хералдиката во средновековните уметности и археолошките наоди откриени во последните години во Македонија.
САМО СОНОТ Е СТВАРНОСТ
200 мкд
Од книгата „Само сонот е стварност“ со поднаслов од бележникот на еден филмолог може многу да се дознае или да се научи. На пример, нешто повеќе за јапонскиот, рускиот, чешкиот, шпанскиот филм..., нешто повеќе за авторите Фасбиндер, Саура, Тарковски, за Сабо..., нешто повеќе за филмовите што кај нас, во одреден период, биле на кинорепертоарот.
МАКЕДОНСКИОТ 19 ВЕК
250 мкд
„Периодот на 19 век во Македонија отсекогаш сум го сметал за најживописниот, најдинамичниот и најбруталниот период во историјата на македонскиот народ. Токму поради тоа му посветив и најмногу внимание како книжевен историчар, осврнувајќи се во своите дела и книги на некои од најинтересните личности од овој период, вклучувајќи ја и нивната книжевна работа...
СТАТИИ И АНАЛИЗИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
300 мкд
Книгата содржи статии, говори, предавања и разработени јазични прашања, што се однесуваат на општите согледувања на развојот на македонскиот јазик и
ЗАБРАНЕТОТО КРАЛСТВО
200 мкд
Авантуристичко-психолошки роман во кој паралелно течат две приказни: таа на португалскиот национален поет Луис де Камоиш и на безимен бродски радиооператор од 20-тиот век. Преку спој на историска хроника, фикција и личен коментар, романот ги спојува двата навидум неповрзани живота. Слауерхоф го вовлекува читателот во импресивниот свет на егзотиката, предавството и прогонството, каде што се соединуваат минатото и сегашноста, а можната смрт никогаш не е далеку.
Last Updated on Thursday, 05 January 2017 20:17
Hits: 577
ЕДЕН ЖИВОТ
350 мкд
Во „Еден живот“ е карактеристично чувството на пораз и неуспех на индивидуата во нејзините двосмислени односи со општеството – многу корумпирано и без идеали, општество што го притиска и од кое и таа е дел: во кое истовремено е и жртва и угнетувач, предизвикан да се засолни пред сё во сонот отколку да се соочи со реалноста. Овој роман востановува една форма на реализам: превртен реализам, т.е. анализа на општеството однатре, преку кризата на вредности, преку свеста за личноста што таквото општество го претставува.
ГРАЦИЕЛА
200 мкд
„Грациела“ е еден од најубавите љубовни романи на романтизмот, а во многу анкети е сместуван меѓу најдобрите љубовни романи на сите времиња во светската книжевност. Тоа е роман за љубовта и меланхолијата, елегична и романтична поезија преточена во роман, со силна лирика.
Last Updated on Monday, 01 August 2016 10:45
Hits: 729
МОСТОТ НА РЕКАТА КВАЈ
250 мкд
„Мостот на реката Квај“ (1952) е фасцинантна приказна за храброста, истрајноста и судирот на две завојувани империи, навидум сосема различни, но сепак прилично сродни. Романот е фикција, но е напишан врз основа на вистински настани.
Last Updated on Friday, 23 December 2016 12:52
Hits: 721
САБО ЗАПРЕ
150 мкд
Романот одново ги поставува прашањата како да се раскажуваат приказните, како да се помести раскажувачкиот глас и да се извести светот за најтрагичниот момент, како да се размести она што се вика живот, изместен од болката на смртта на ближниот.
МЕНЕ НИКОГАШ НЕ МЕ ОСТАВАА ДА ЗБОРУВАМ
200 мкд
„Мене никогаш не ме оставаа да зборувам“ е збирка раскази што ги содржи најпознатите приказни на Блајстен, како што се „Даблин на југот“, „Среќа“, како и расказот чијшто наслов го носи самата книга. Тие се извонреден одраз на генијот и раскажувачката виртуозност на Блајстен, како и доказ за вонредниот интелект на авторот.
ТАЈНАТА ВО НИВНИТЕ ОЧИ
350 мкд
„Тајната во нивните очи“ на Едуардо Сачери е роман во кој низ очите на главниот лик Бенхамин Чапаро, судски службеник од Буенос Аирес, е раскажана приказната која оставила најголема трага во неговиот живот.
КОНСТАНЦА РИНГ
300 мкд
„Констанца Ринг“ е првиот роман на норвешката писателка Амалија Скрам (1846-1905), објавен во 1885 година и неодминлив во класичната скандинавска и светска литература. Контрoверзен и експлицитен, романот им е посветен на сексот, неверството, бракот, правата на жената и моралната хипокризија. Во него е раскажана приказна за млада жена – главната хероина, која очајно се спротивставува на силите кои го воспоставуваат животот на жената во едно општeство кое, пак, ѝ нуди малку избори. Во романот Скрам ги изнесува своите бескомпромисни ставови за религијата, бракот и двојните стандарди за мажот и жената во тогашното општество.
Last Updated on Wednesday, 17 August 2016 12:01
Hits: 1068
ТЕМНО, РЕЧИСИ НОЌ
350 мкд
Награда НИКЕ 2013
Алиција, позната новинарка, која работи за еден од најголемите весници во Варшава (главниот јунак во овој роман), се враќа до својот роден град Валбжих да направи репортажа за трите исчезнати деца.
КОМИТА
350 мкд
Во романот се сместени и реални ликови и настани, кои се подлошката за динамичната фиктивна приказна, која го отсликува амбиентот на македонската мачна реалност во почетокот на 20 век. Главниот лик, комитата Лазар, својата животна кауза гордо и достоинствено ја посветува на својата животна доблест, татковината Македонија ослободена од отоманскиот петвековен јарем. Неговиот лик е граден врз реконструкција на вистински настани.
ЗЕМЈОТРЕС, 5:17
300 мкд
Најновиот роман на Плавевски се однесува за потресната катаклизма на Скопје на 26 јули 1963 година.
Плавевски гради динамична и драматична приказна, сугестивно и сликовито ги опишува катастрофата, ужасот, траорот, животните премрежиња и страдањата на скопјани во земјотресот.
ЕВАНГЕЛИЕТО НА ТРИТЕ САМОВИЛИ
250 мкд
„Романот е исечок од животот, драма за барањето на идентитетот градена како словенска антитеза: појава, нагаѓање, погрешно одгатнување и на крајот откривање на болната вистина со што романот заличува на детективска приказна, но без криминалистички елементи.
ОДБЛЕСОЦИ ОД ВЕЧНОСТА
250 мкд
Во сличен стил од претходниот роман „Измешани светови“ и во овој роман авторот му ја доверува задачата на главниот лик проф. д-р Крис Поповски да го симне превезот од тајните од книгата што речиси 50 години лежеше под главата на покојниот дедо Филип на селските гробишта во селото Неджор.