Македоника Литера

Историја на Чешка

Јан Рихлик, Владимир Пенчев, Новица Велјановски

500 мкд

 Во „Историја на Чешка“ од Јан Рихлик, Владимир Пенчев и Новица Велјановски, кој е и преведувач на дел од книгата, е опфатена интегралната историја на Чешка: од праисторијата па до 2013 година. Презентирани се шеснаесет периоди од историјата на Чешка, а на крајот се објавени и неколку прилози: географски карти, хронологија на поважните настани, список на владетели и државници низ историјата, како и на претседатели на влади.

Проф. д-р Јан Рихлик е редовен професор на Карловиот универзитет во Прага. Тој е историчар кој во својата библиографија има импозантни референтни податоци со објавувањето на национални истории и исклучителни искуство во нивното пишување. Главен автор е (коавтор со Мирослав Коуба) и на Историја на Македонија (објавена е и на македонски јазик во 2009 година, во издание на „Македонска реч“). Заедно со проф. д-р Новица Велјановски е приредувач на неколку тома со документи за македонско-чехословачките односи. Проф. д-р Новица Велјановски последните десетина години е често присутен во чешките архиви како истражувач и како повремен предавач на чешки универзитети. Проф. д-р Владимир Пенчев е бугарски историчар, реномиран бохемист, е коавтор на делот од Историјата на Чешка кој се однесува на нејзината култура.

Историјата на Чешка на македонски јазик е една од ретките вакви национални истории за други земји објавени во Македонија.