Македоника Литера

Време на тивки разговори

Ан-Лиз Гробети

150 мкд

 

    Новелата за млади и возрасни „Време на тивки разговори“ (2001) е поетска проза за пријателството. Делото претставува ретроспективен опис на минатото, каде што нацизмот воопшто не е директно споменат, но е осудуван преку слики, метафори и со атмосферата што постепено станува сè потешка. Приказната ги нагласува улогата на јазикот и неговата манипулација што води до нетолерантност и до неприфатливост. Делото нуди интересна дихотомија меѓу поезијата, литературата, љубовта спрема пријателот (човекот) и нацизмот.

      За делото „Време на тивки разговори“, кое е преведено на многу јазици, Ан-Лиз Гробети, во 2001 година, ја доби наградата „Сент Егзипери“, а подоцна и наградата „Сорсиер“.

      Оскар и јунакот на приказната се вистински пријатели – како и нивните двајца татковци, вљубеници  во добрата поезија кои ги врзува длабоко пријателство, кои сакаат да се смеат и да зборуваат до доцна во градината, да цитираат возвишени стихови на големи поети, а потоа и своите стихови... Но еден ден сè ќе се смени... 

      Оваа новела е одлично четиво за пријателство кое секогаш може да им се спротивстави на најлошите појави и да ги победи омразата и насилството. Таа е своевидна лирска балада за вистинското пријателство.

      Нарачај