Македоника Литера

Јамболија што лае

Киро Донев

200 мкд

Прочитај извадок

      Книгата е роман сказна, во кој животните зборуваат, а главни ликови се домашни миленици – куче и маче, но и еден пензиониран зообиолог, неговата сопруга, која е учителка, и нивното внуче.

       Во овој роман-сказна, сѐ се случува меѓу сонот и јавето. Авторот детето го вооружува со фантазија, со ведар творечки дух и со здрава чувствителност. Така ќе може да види и слушне сѐ што прават и зборуваат јунаците од страниците на сказната. И од првата до последната страница – будно ќе сонува необични нешта. Но, сепак, по прочитувањето на последната страница, ќе остане пак со многу прашалници во себе.

      – Ова е книга заснована на факти за домашните миленици, вели авторот. Кучето го разбира јазикот на човекот, но човекот не може да зборува на неговиот „јазик“. Ако овие животни почнат да зборуваат меѓу себе и да комуницираат, тогаш и кучето ќе го изгубиме како пријател. Човекот, на пример, може да се однесува како животно, за разлика од кучето, кое е животно. Кај кучето постојат сите чувства што ги има и кај човекот, како што се: љубов, бес, страв, верност... Сето тоа е опишано во книгата и токму затоа ова е роман во кој се опишува менталниот склоп на кучињата, мачките, птиците...

      Нарачај