Македоника Литера

Констанца Ринг

Амалија Скрам

300 мкд

Прочитај извадок

      „Констанца Ринг“ е првиот роман на норвешката писателка Амалија Скрам (1846-1905), објавен во 1885 година и неодминлив во класичната скандинавска и светска литература. Контрoверзен и експлицитен, романот им е посветен на сексот, неверството, бракот, правата на жената и моралната хипокризија.

      Во него е раскажана приказна за млада жена – главната хероина, која очајно се спротивставува на силите кои го воспоставуваат животот на жената во едно општeство кое, пак, ѝ нуди малку избори. Во романот Скрам ги изнесува своите беском­промисни ставови за религијата, бракот и двојните стандарди за мажот и жената во тогашното општество.

      Нарачај