Македоника Литера

Слепиот музичар

Владимир Короленко

200 мкд.

164 стр./ A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

      Во „Слепиот мизучар“  авторот го поставува прашањето: што е човечката среќа? На едноставното прашање одговорот не е едноставен. Короленко суптилно, чекор по чекор, како вистински психолог, проникнува во светот на својот главен херој кој е роден слеп.

      Тој живее во тесен и ограничен свет, лишен од радоста на светлината и шаренилото на боите. Може ли човекот роден со инвалидитет, лишен од некое важно сетило или орган во целост да го живее животот и да се оствари на секое поле од животот? Како може слепиот човек да знае по кој пат да тргне кога многу често и оној што гледа не го избира вистинскиот пат? Тежок е патот за самосознавање и патот до среќата на слепиот главен лик, „во потрагата по светлината“...

      Владимир Галактионович Короленко (Житомир, 1853 – Пол­та­ва, 1921) е руски писател, публицист и новинар со украинско-полско потек­ло. Автор е на повеќе прозни дела. Како поддржу­вач на популизмот бил прогонуван и затворан. Бил голем хума­нист и популарен писател и општественик за време на својот живот. Времето на неговиот живот во руската литература и општественост е познато и како „епоха на Короленко“. Неговото творештво станало симбол на совеста и угледот на епохата уште за време на неговиот живот. Благодарение на својата вештина за набљудување и умешноста да ги разбере луѓето, писателот инспи­­рацијата за своите дела ја црпел од реалните случувања. Короленко, пред сè, е писател – хуманист.

      Во делата на В. Короленко преовладуваат лирски мотиви и поетски пејзажи, но човечките чувства секогаш се во преден план. Преведен е на многу јазици, а некои од неговите дела се екранизирани, меѓу кои и неговото најпознато дело – „Слепиот музичар“.