Македоника Литера

МОСТОТ НА РЕКАТА КВАЈ

Korica-Mostot%20na%20rekata%20Kvaj02.jpgПјер Бул

МОСТОТ НА РЕКАТА КВАЈ

250 мкд

Прочитај извадок

      „Мостот на реката Квај“ (1952) е фасцинантна приказна за храброста, истрајноста и судирот на две завојувани империи, навидум сосема различни, но сепак прилично сродни. Романот е фикција, но е напишан врз основа на вистински настани.

      Во 1942 година, среде походот низ Азија, на Јапонците им е потребна железница од Бурма кон север, која треба да ја градат нивни воени заробеници. Британските заробеници од еден затворенички логор се принудени напорно да работат за изградба на мостот. Полковникот Николсон е примерен британски офицер, во заробеништво. Кога неговите јапонски чувари му наредуваат да го изгради мостот за стратешки напад во југоисточна Азија, кодексот на воена чест на полковникот не му остава друг избор освен да ја послуша наредбата. Додека со своите војници во тешки заробенички услови го гради, британската војска планира да го дигне мостот во воздух...

      При­казната за подигањето на мостот и прашањето околу неговата судбина отвора низа филозофски прашања за човековата природа и нејзините спротивставени тенденции за создавање и за уништување. Таа е одраз на менталитетот на еден исцрпен и разурнат свет, како последица од стравотните разорувања на Втората светска војна. Под сета груба надворешност, главната порака на овој роман се значењето и одржувањето на цивилизациските вредности, дури и во услови на целосно отсуство на цивилизацијата.

      Филмската адаптација на ова дело (1957) е режирана од Дејвид Лин, има освоено седум оскари, меѓу кои и за најдобар филм, адаптирано сценарио и режија, и се смета за еден од најдобрите филмови на сите времиња. Филмот е ставен под заштита како културолошки, историски и естетски значаен.

      Пјер Бул (1912-1994) бил француски писател. Најпознат е по неговите романи „Мостот на реката Квај“ и „Планета на мајмуните“. За време на Втората светска војна, Бул бил инженер кој служел меѓу Слободните Французи во Сингапур, каде што бил заробен и подложен на две години принудна работа. Искуствата при градењето на озлогласената „Железница на смртта“ ги пренесол во романот „Мостот на реката Квај“, кој бргу станал исклучително добро прифатен од читателите, и кој уште истата година ја добил наградата Сент-Бев. Преведен е на многу јазици.

      Нарачај

Created by: Boost Nova 2011

Top Desktop version