Македоника Литера

БРДО

Brdo_predna%20korica.jpgИвица Пртењача

БРДО

150 мкд

      Главниот протагонист, истовремено и наратор во „Брдо“, поранешен маркетиншки менаџер, ги напушта својата граѓанска егзистенција, промоциите, отворањата на изложби, поканите и говорите за да се искачи на брдото кое доминира на некој јадрански остров и оттаму, од напуштена воена караула, цело лето го чува островот од пожари. Таму, во друштво на остарено магаре, го доживува врвот во својот живот. Ги минува трите најважни, најтажни и најсреќни месеци во својот живот.

      Префинетиот стилски израз овозможува читателот да ја запознае јунаковата внатрешност, а на брдото, односно во приказната, покрај него се јавуваат современи поклоници кои доаѓаат на духов­ни подготовки, бајкери, изгубени души на новото време, војни­ци со поствоен синдром, ловци, злостор­ници: островот ги памети трауматичните 90-ти години од тие простори. Сето тоа е распослано во реалистична но суптилно рас­кажана приказна, токму онака како што се испишува најуба­вата поезија. Ова е длабоко вознемирувачки текст, исполнет со емоции...

      „Брдо“ е награден со прва награда на анонимниот конкурс на хрватската издавачката куќа V.B.Z, во конкуренција на дури 137 ракописи. Се смета за едно од најдобрите дела објавени во последните две-три години во хрватската литература. Беше финалист и за други книжевни награди во Хрватска и во регионот.

      „Во средиштето на ’Брдо‘ е еден од најважните проблеми на нашата доба: губењето на идентитетот. Но романот не се исцрпува само во тоа, туку на читателот непрекинато му се откриваат нови слоеви. Така ’Брдо‘ може да го читаме и како приказна за современиот светец. Можеби човекот кој чува други луѓе од пожар и наоколу дели леб е навистина св. Фрањо на нашето време? Овој сјаен и комплексен роман ќе ни помогне да го препознаеме.“ (Зоран Фериќ)

      „Стилски изграден, поетски вдахновен, тематски актуе­лен и со симболи прошарен роман со голема моќ и човечност. Навистина, добро е, убаво е тоа ’Брдо‘“ (Јагна Погачник)

      Ивица Пртењача е роден во 1969 година во Риека, Хрват­ска. Од својата петнаесетта година работи разни работи – од градежен работник и магационер до уредник во радио и водител.

      Пишува поезија, проза, драмски текстови и колумни.

      Објавил десетина книги со поезија проза и добил исто толку книжевни награди. Преведен е на неколку јазици, а оваа му е трета преведена книга на македонски јазик (по ро­ма­нот „Добро е, убаво е“ и стихозбирката „Суровост“). Заста­пен е во повеќе избори и антологии на хрватската поезија.

      Живее и работи во Загреб.

      Нарачај

Created by: Boost Nova 2011

Top Desktop version