Македоника Литера

ЗАБРАНЕТОТО КРАЛСТВО

Zabranetoto%20kralstvo%20-%20predna%20korica.jpgЈан Јакоб Слауерхоф

ЗАБРАНЕТОТО КРАЛСТВО

200 мкд

Прочитај извадок

      Авантуристичко-психолош­ки роман во кој паралелно течат две приказни: таа на португалскиот национален поет Луис де Камоиш и на безимен бродски радиооператор од 20-тиот век. Преку спој на историска хроника, фикција и личен коментар, романот ги спојува двата навидум неповрзани живота. Слауерхоф го вовлекува читателот во импресивниот свет на егзотиката, пре­давството и прогонството, каде што се соединуваат мина­тото и сегашноста, а можната смрт никогаш не е далеку.

      Со формална неконвенционалност, елиптичен, елегантен и суптилен стил во неговиот самоуверен, но приземен поетски јазик, на читателот му се прикажани возбудливи морепловски авантури и фасцинантни главни ликови со комплексен и длабок карактер.

      Јан Јакоб Слауерхоф (1898-1936) бил холандски поет, романсиер и преведувач. Се смета за еден од најзначајните писатели од холандското јазично подрачје. По завршува­ње­то на студиите по медицина во Амстердам, се вработил како бродски доктор во компанија со дејност во Индо­не­зија, која тогаш била под холандска власт. Најголемиот дел од својот возрасен живот го поминал во поморски патувања кон Азија и Далечниот Исток, како и до Латинска Америка и Африка. Во текот на 30-тите години на минатиот век, стра­дал од разни болести, кои на крајот резултираат со негова смрт во 1936 година, на 38-годишна возраст.

      Иако пишува во времето на експресионизмот, неговиот опус е пред сѐ романтичен, со силни автобиографски еле­мен­ти, незапирлива фантазија и копнеж кон далечни места, изразен преку поистоветување со скитници, истражувачи и пирати. Негови најпознати дела се стихозбирките „Архи­пе­лаг“, „Источна Азија“, „Елдорадо“, „Сатурн“, „Серенада“, „Гроб на честит морнар“ и романите „Забранетото крал­ство“ и „Животот на Земјата“. Во сите свои дела се потпи­шу­вал како Ј. Слауерхоф.

      „Забранетото кралство“ е прво дело на Слауерхоф преведено на македонски јазик.

      Нарачај

Created by: Boost Nova 2011

Top Desktop version