Македоника Литера

СУДБИНА

Sudbina_predna%20korica.jpgЛуис Коуперус

СУДБИНА

200 мкд

Прочитај извадок

      Романот „Судбина“ (1890) е роман за пријателството, но и за фатализмот. Приказната се однесува на двајцата пријатели – Франк Вестхофе и Роберт ван Маерен. Кога една зимска ноќ Ван Маерен се наоѓа во Лондон и скита по улиците без скршена пара во џебот, неговиот стар пријател Франк великодушно му ја отвора вратата на својот дом и штедро дели сѐ со него.

      И покрај дијаметралните разлики меѓу нив, двајцата некое време живеат живот на богати ергени, поминувајќи ги деновите во уживање во луксуз и во безделничење. Но, еден ден Франк се заљубува во Ева по што Ван Маерен не бира средства за да ги раздели и притоа да си ја заштити угодната положба...

      По објавувањето, „бруталноста и морбидноста“ на романот предизвикуваат контроверзи и незадоволство, пред сѐ кај религиозниот печат во Холандија. Сепак, меѓу импресионираните од овој роман бил и Оскар Вајлд, што резултирало со спријателување на двајцата писатели.

      Денес „Судбина“ се смета за едно од најзначајните класични дела на холандската литература.

      Луис Мари-Ан Коуперус (1863 – 1923) е една од најистакнатите фигури на холандската литература, клучен претставник на симболизмот. Во 1923 година е добитник на престижната награда „Толенс“, која се доделувала на секои пет години за опус со највисока книжевна вредност. Во своето време бил водечки холандски романописец и единствениот чиишто дела уште тогаш биле преведени на англиски, француски и на германски јазик.

      Нарачај

Created by: Boost Nova 2011

Top Desktop version