Македоника Литера

МАТИС

Matis%20-%20predna%20korica.jpgАлександар Иличевски

МАТИС

300 мкд

Награда „Руски Букер“ за 2007 година 

      Роман со густа симболика и величествени слики; со поетичен јазик, необични метафори и смели ликови.

      Главниот херој – физичарот Королјев, преживувајќи криза на идентитетот, решава да го промени својот живот и да живее како бездомник, со надеж дека ќе успее да се пронајде себеси, внатрешната слобода и одговорите на безбројните прашања што го измачуваат: Кој е тој? Дали е мртов или жив? Која е неговата татковина?

      Соништата се менуваат со реалноста, мислите со сеќавањата, а со сложеното осмислување на секој поглед, звук момент, дел од минатото, Иличевски ни разоткрива еден интелектуален но флуиден лик кој плива низ реката на животот, низ панорамата на современата Русија, губејќи се во лавиринтот на сопствените желби и сопственото јас. Плива низ безумието кое царува во деведесеттите години на дваесеттиот век низ целата држава заедно со уште двајцата други бездомници – Вадја, зборлив, груб и итар и Надја молчалива, плашлива, со малку заостанат развој. Преку јасното и деталното исцртување на филозофијата на бездомничкиот живот на ова колоритно трио, на нивните едноставни но суштински меѓусебни односи, авторот нè предизвикува на размислување околу суштината на битисувањето, слободата и осаменоста...

      Нарачај

Created by: Boost Nova 2011

Top Desktop version