Македоника Литера

ЛАЈКА

Lajka_predna%20korica.jpgАдријан Алуј Георге

ЛАЈКА

300 мкд

      Во романот се раскажува приказна за последните моменти на комунизмот во еден санаториум, додека пред очите на пациентите се одвива Револуцијата. До самиот крај на тоталитарниот период во Романија, менталната болница во Глод служи како скривалиште за поранешни комунистички мачители и активисти повлечени од системот, заедно со пациенти со широка палета на болести, меѓу кои и со лажни заболувања.

      Кучето Лајка е галениче на докторите и (заедно со други животни) помага во терапијата на пациентите. Истренирано е да јаде само руска и кинеска храна, станува идол на работничката класа, идеален за претставување пред диктаторот...

      Романот е духовита и хумористична сатира за комунистичка Романија. Романскиот литературен критичар Разван Вонку за книгата вели: „Адријан Алуј Георге во романот Лајка создава една фикција која е поавтентична од самата реалност. Истовремено, ни дава лекција колку тенка беше, во нашата неодамнешна историја, линијата за демаркација меѓу нормалното и апсурдното“.

      Романот е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2015 година на Сојузот на писателите на Романија.

      Адријан Алуј Георге (1958) е значаен и наградуван романски писател. Доктор е по филозофија, работи како универзитетски професор, а работел и како хемичар, рудар, советник за култура, директор на музеј. Добитник е на наградата на Сојузот на писателите на Романија (2001, 2014), наградата од Одде­лението во Јаш на Сојузот на писателите (1993, 1994, 1998, 1999, 2004, 2006, 2012), книжевната награда „Конворбири“ (1999), наградата „Атенеу“ (2000), наградата „Хиперион“ на романското Министерство за култура и фондацијата Хипе­рион (2002), националната поетска награда „Поесис“ (2008), наградата „Балканика“ за поезија (2010), како и на витешки Орден за културни заслуги (2010).

      Има богат творечки опус. Објавил прозни, поетски и публицистички дела. Најпознати дела му се романите „Лајка“ и „Последица“, а неговиот најнов роман „Залудна месечина“ е објавен во 2016 година.

      Нарачај

Created by: Boost Nova 2011

Top Desktop version