Македоника Литера

Осум планини

 Паоло Коњети

 300 мкд

 200 стр. / A5 формат (200 x 140)

 Прочитај извадок

 

    „Осум планини“ е добитник на наградата „Стрега“ за 2017 година, преведен е на 39 јазици и досега е веќе продаден во повеќе од еден милион примероци во светот – најмногу во Италија во близу 400.000, во Холандија над 200.000, а во Франција и во Германија над сто илјади примероци.

    Освен наградата „Стрега“ доби уште шест високи книжевни награди во Италија и во светот. „Осум планини“ е приказна за пријателство и за планината како метафора на животот, но и за осаменоста и семејните врски. Стилот на Паоло Коњети е лесен и елегантен, а зборовите се одбрани со екстремна точност. Пјетро е по малку осамено момче кое живее во Милано. Неговите родители живеат во градот носејќи ја во себе носталгијата за планината на која се запознале и се вљубиле и од којашто судбината ги оддалечила. Кога изнајмуваат куќа во Грана, селце кое гледа кон Монте Роза, таа љубов повторно се раѓа. Таму, во текот на долгите летни одмори, Пјетро го запознава Бруно, момче кое го познава само тој мал свет. Меѓу нив се раѓа длабоко пријателство, а природата е сцена за нивните авантури...

   

     „Осум планини“ е едукативен роман, приказна за пријателството на таткото и синот со планината како главен лик, место во кое секој ги наоѓа сопствениот идентитет и смислата на сопственото постоење. Тој е интересен и привлечен, но и класичен во навраќањето на темите пријателство, детство, односот татко – син, а оригинален во амбиенталноста во која планината е апсолутен протагонист. „Осум планини“ е книга посветена на пријателството, кое не мора да биде засновано на сличните животни услови, општественото опкружување, интересите и разликите. Но и на родителството.Оваа книга е приказна за човечките судбини. Освен тоа, ова е роман за планините кој може да го промени погледот на читателите кон нив во позитивна смисла. Но многу повеќе е роман за луѓето, за потребата за осамување, освојување, приспособување, барање, вклопување, но и прифаќање на сопствената суштина.

    Стилот на Паоло Коњети е од суштинско значење за успехот на романот – лесен и елегантен, а зборовите се одбрани со екстремна точност. Напишан е со посебен стил, со многу детали кои не оптоваруваат, со употреба на широк спектар зборови преку кој се забележува исклучителното познавање на авторот на планините и природата.

Рецензија на The Guardian