Најнови изданија
Прибежиште во зборот
Ацо Ѓоргиев
200 ден.
80 стр., 200 х 130 мм
„Прибежиште во зборот“ содржи четириесетина песни поделени во три циклуси и со поговор на Даниела Пејева, која, меѓу другото пишува: „Во овие песни зборот не е украс, ниту случаен звук, туку дом на смислата, мерка на совеста и место каде човекот се соочува со својата вистина, љубов и минливост. Со јасен и дисциплиниран поетски израз, авторот создава стихови во кои се преплетуваат духовната тишина, филозофската длабочина и човечката ранливост. Неговата поезија не се стреми кон минлив ефект, туку кон трајност, кон онаа ретка чистота на зборот што утешува, предупредува и осветлува.“
Дешавки
Кратки раскази на струмички дијалект
Ацо Ѓоргиев
200 ден
96 стр., 200 х 140 мм
„Дешавки“ претставува книга со анегдоти на струмички дијалект за лица и случки од Струмичко, забележани и прераскажани од Ѓоргиев. На крајот на книгата е објавен поговор на Ице Беличев, кој, меѓу другото, пишува: „’Дешавки‘ од Ацо Ѓоргиев, не е само книга со кратки хумористични творби, туку тоа е цело сведоштво за животот на луѓето од неговата околина во минатото, а некаде се среќава и животот во сегашноста. Во...
Александар Македонски. Историски роман
Јана Јазова
700 ден.
392 стр., 200 х 140 мм, 2026
Биографијата на македонскиот цар со светска слава за сите времиња – Александар Македонски била уметнички предизвик за неколкумина познати писатели во светот, но евидентно е дека романот „Александар Македонски“ на бугарската писателка Јана Јазова е исклучително белетристичко и историско дело.
„Александар Македонски“ е историски роман кој само се потпира врз историските...
Кордината тупаница
Леонтин Чапо Милениќ
400 ден.
188 стр., 200 х 140 мм, 2026 г.
Овој необичен младешки, забавен и откачен, но и храбар роман, не му припаѓа на ниеден конкретен жанр и на ниедна класична книжевна класификација. Леонтин Чапо Милениќ романот го напишан кога имал 18 години и во него сатирично пишува за современиот свет, за расните, националните и воените конфликти, за криминалот и алкохолизмот. Главниот лик е еден вид антихерој кој не се грижи за правилата на учтиво однесување, има проблеми со...
Раскажани стихови
историја за една љубов
Марина Димитриева - Ѓорѓиевска
300 ден.
108 стр., 200 х 140 мм, 2026
Збирката „Раскажани стихови – историја за една љубов“ е љубовна лирика со изразена наративна линија. Поднасловот и симболичните наслови на циклусите – „Раѓање на трепетите. Живот“, „Граници“, „Последици“ – го водат читателот низ еден емотивен пат, низ историјата на една љубов: нејзиното раѓање, будење, траење и згаснување.
...
Приказни од Пизуловата воденица
Киро Донев
300 ден.
160 стр., 200 х 140 мм, 2025
Овој еколошки роман, пред сè, им е наменет на децата и младите, чијашто иднина зависи од нивниот однос кон Природата, кон нејзиниот севкупен животински и растителен свет, ама и кон нивната животна околина. Приказната во него е и порака и апел, децата никогаш да не потклекнат пред предизвиците на модерната наука и техника кога се во прашање природата и средината во којашто живеат. Но, и не само ним, туку книгава им е наменета и на сите оние...
Струмички шерифи
Комедија на струмички дијалект
Ацо Ѓоргиев
300 ден.
64 стр., 200 х 140 мм, 2025
Дејството во овој драмски текст е сместено во осумдесеттите години на минатиот век во Струмица. Ѓоргиев на сатиричен, хумористичен, ироничен, провокативен, а во исто време и со груба подбивност, презрив и дрзок однос кон моралните и општествените состојби, отсликува една социјална, урбана и малограѓанска атмосфера на која посебна привлечност и дава нарацијата на струмичкиот дијалект. Во поговорот на книгата...
Месечините на нашите животи
(Избор)
Ацо Гогов
200 ден.
122 стр., 200 х 140 мм, 2025
Книгата „Месечините на нашите животи“ содржи лирски прози, микрофикции и раскази од претходните книги на авторот, како и некои нови, необјавени раскази. Во овие мали прози е фатен светот од една зачудна, изместена перспектива, некаде на границата помеѓу јавето и сонот. Авторот наоѓа начин да ја еродира баналноста на секојдневието, и да продре до метафизичките својства на постоењето, при што играта и поигрувањето, кои се јавуваат како...
Семантиката на македонскиот роман на преминот од XX во XXI век
Марина Димитриева-Ѓорѓиевска
400 ден.
190 стр., 200 х 140 мм, 2025
„Романот е најинтересната проза за читање. Содржи доволно настани и ликови со кои како читател може во секое време да си направите дијалог, а во романот секогаш има доволно материјал за промисла и размисла. Македонскиот роман ги има токму овие карактеристики и можности за дијалог. Тој е тематско-мотивски разнообразен, од женски приказни одгледани во патријархално семејство и осудени од јавноста („Тунел“), преку општествено...
Монтана
Аександру Попеску
400 ден.
196 стр., 200 х 140 мм, 2025 г.
Романот „Монтана“ е првото книжевно дело на молдавскиот писател Александру Попеску (1987). Во молдавските и романските книжевни кругови романот е оценет како брилијантно дебитантско дело. „Монтана“ го отсликува егзистенцијалното патување на едно дете од Приднестровје кон западниот свет, условено од политичката реалност во регионот.
Книгата е директна фреска од објективот на...
Живот во гроб

Стратис Миривилис
600 ден.
348 стр., 200 х 140 мм, 2025 г.
Романот ,,Живот во гроб“, со поднаслов „Книгата на војната“, досега доживеа над педесет изданија на грчки јазик, преведен е на многу јазици и е најиздаваниот, најпопуларниот и најчитаниот роман во грчката литература.
Напишан е во форма на писма, испраќани до саканата девојка од фронтот во близина на Битола, на падините под Пелистер за време на Првата светска војна. Изобилува со прекрасни...
Прегорување
Петр Шестак
250 ден.
126 стр., 200 х 140 мм, 2025
Овој краток роман е фрагментарен монолог од курир кој вози велосипед низ градот, доставувајќи храна до оние кои се посреќни и поуспешни од него. Тој е современ работник, извршител на услужни работи, доставувач на нарачки на платформа, а себеси се смета за претприемач. Тој нема шефови над себе, но тиранијата на шефовите е заменета со тиранијата на алгоритмите. Нема шефови, но нема ниту перспектива некогаш да стане шеф. Сè додека може физички...
Мојенка
Олга Стехликова
400 ден. (колор издание)
148 стр., 200 х 140 мм, 2025
„Мојенка“ е многу трогателно, поетско четиво полно со љубов кон природата. Емпатична, чувствителна приказна за сериозна болест, за сериозни читатели и зрели деца. Невозможно е да се прочита без да се почувствува тагата. Приказна за сите чувствителни души и љубители на природата. Поучна и чувствителна. Силна и тажна книга. За љубовта спрема природата, семејната љубов, љубовта спрема животот. Книгата е поучна и за...
Ванда
Силвија Шесто
200 ден.
134 стр., 200 х 140 мм, 2025 г.
На преминот од детска во младешка возраст, Ванда ја открива љубовта, ги доживува своите први разочарувања и многу проблеми поврзани со заљубувањето. Тоа води до низа компликации, мали недоразбирања и, на крајот, до поука. Ванда ја мачат многу пубертетски проблеми со кои не знае секогаш соодветно да се соочи. Растргната меѓу растењето и половото созревање, од една страна, и детинестата потреба за внимание и грижа, од друга страна, запаѓа...
За мајките сè најдобро
Сања Пилиќ
200 ден.
126 стр., 200 х 140 мм, 2025
Роман за проблемите на пишувањето роман, за техниката, ликовите, заплетот, но и за животот на писателот, за неговиот социјален и финансиски статус, но и за мајчинството, ама од перспектива на мајка која чувствува дека прерано пораснала и дека нејзиниот „возрасен“ живот не ѝ дозволува многу работи за кои копнее. Тоа се одредени детски желби и фантазии, но и време за себе и за сопствените интереси.
...
Речник на псевдонимите во македонската книжевност
од првата половина на ХХ век
Славчо Ковилоски
400 ден.
142 стр., 200 х 140 мм, 2025
Овој речник се надоврзува на „Речникот на псевдонимите во македонската книжевност од XIX век“, од истиот автор, публикуван во 2022 година. Покрај лажните имиња од сите видови (псевдоними, кратенки, знаци) овде се вклучени и одредници со прекари на публицисти, родените имиња на авторите, како и одреден број партизански псевдоними.
Во Речникот се наоѓаат книжевни...
Јуначки приказни
Киро Донев
Илустрации: Миле Топуз
380 ден.
98 стр., 240 х 170 мм, 2025, печат во боја
Приказни за историјата на Македонија од илинденскиот период: за битката на Мечкин Камен во 1903 година, Питу Гули, Гоце Делчев, Христо Узунов, Пере Тошев, Јордан Пиперката...
Историско четиво во вид на приказна за вистински настани и личности.
„Јуначки приказни“, наменети првенствено за младите читатели...
Кутриот Дионис
Михај Еминеску
200 ден.
70 стр., 200 х 140 мм, 2025
„Кутриот Дионис“ од жанровски аспект претставува комбинација од фантазија, историска фантазија, филозофска фикција, филозофска лирика, сатира. Ова прозно дело, класифицирано од науката за литературата како роман, новела или роман бајка, е либерална интерпретација на современата германска филозофија и на антички мотиви, третирајќи теми како патување низ времето и реинкарнација низ објективот на посткантовскиот идеализам. Централниот...
Ѕвездата без име
драмаНеобјавен фељтон
Владимир Илиевски
300 ден.
158 стр., 200 х 140 мм, 2025
Приказни од мојот крај
Киро Донев
200 ден.
84 стр., 200 х 140 мм, 2025



