Македоника Литера

Дхаммапада. Мудроста на Буда

    

   150 мкд

   110 стр., 170 х 120 мм, 2018

  „Дхаммапада“, чиешто авторство му се припишува на самиот Буда, е еден од најпознатите и најважните текстови од будистичката литература напишан на пали јазикот, кој ги утврдува основните етички принципи и го полага филозофскиот фундамент на раниот будизам. Вклучен е како составен но целосно независен дел во средниот дел Сута-питака од Типитака, т.е. од будистичкиот Пали канон.

    Текстот претставува збир од 423 изреки групирани во 26 тематски поглавја. Изреките се кратки и лаконски и се одликуваат со изразена едноставност, а често се во форма на теза и антитеза, но со поетичноста, реалистичноста и многубројните совети оставаат силен впечаток кај читателот. Нишката која ги поврзува сите нив е прашањето на моралното и неморалното живеење, јасното исцртување на доброто и на злото и согледувањето на патиштата кои водат кон среќата и кон пропаста. „Дхаммападата“ исто така може да се сфати и како еден патоказ кој ни укажува на тоа дека ние самите на себеси сме си господари, заштитници и непријатели.

   Сидарта Гаутама – Буда од budh (разбуден, се будам) е мудрец роден во 486 година пред нашата ера во аристократско семејство во Лумбинија, место сместено на денешната граница меѓу Индија и Непал. Во својата 29-та година сфатил дека богатството во коешто живеел дотогаш не му донесло среќа, па тргнал да ги истражува различните учења на тоа време за да го пронајде клучот за човечката среќа. По шест години учење и медитација го пронашол средниот пат, а остатокот од животот го поминал пренесувајќи го своето филозофско учење кое го нарекол Дхамма и врз кое подоцна настанала будистичката религија. „Дхаммапада“ е првпат објавена на...

Основите на будизмот: прашања и одговори

Џао Пичу

250 мкд

 2016 стр., 200 х 140 мм, 2018

   Во форма на прашања и одговори, книгата упатува и одговара речиси на сите прашања покренати од будизмот во текот на изминативе 2500 години. Книгата на читателите лаици им дава правилен вовед во будизмот, додека пак на научниците има дава насоки за подлабоко проучување на будизмот. Таа, исто така, на луѓето на коишто кинескиот не им е мајчин јазик, а сакаат да учат за будизмот, особено за кинескиот будизам, им дава сеопфатен преглед.   ...

Реторички лексикон на поими и дефиниции

 

Трајко Огненовски

700 мкд

464 стр., Б5 (240 х 170), 2019

Прочитај извадок

    „Реторички лексикон на поими и дефиниции“, напишан од проф.др. Трајко Огненовски,  претставува прв ваков лексикографски труд за македонскиот јазик.

     „Реторичкиот лексикон“ е во обем од над 4.000 единици и може да се смета за капитален проект за македонскиот јазик и за македонската лексикографија. Го зафаќа стандардниот македонски јазик, македонските дијалекти, македонската фразеологија и лексиката...

Миладиновци

  Науме Радически

  Миладиновци : три аналитички ретроспекции

  100 мкд

  80 стр., 200 х 140 мм, 2012

  Научниот труд „Миладиновци (три аналитички ретроспекции)“ на проф. д-р Науме Радически е првата објавена публикација на Здружението за наука, уметност и култура „Хоризонти 12“ од Мешеишта – Охридско, кое е формирано во 2012 година, кое има триесетина членови од охридско-струшкиот регион, и кое, меѓу другото, планира да развива издавачка дејност. 

...

Менциј

Менциј   

 300 мкд

302 стр., 200 x 140, 2019

     Менциј е еден од четворицата најголеми кинески класици, покрај Лао Це, Чуанг Це и Конфучиј, односно најпознатиот конфучијанец по Конфучиј. „Менциј првпат интегрално се објавувана македонски јазик, со предговор, коментари и во превод од старокинески на д-р Игор Радев. Предговорот, всушност, претставува обемна и пристапна студија, во која се обработени мислата на Менциј и историскиот контекст на настанокот на делото на...