Најнови изданија
Доставувачот на пораки
Лиу Лиангченг
600 ден.
386 стр., 200 х 140 мм, 2024 г.
Суво мастило
второ издание
Владимир Илиевски
400 ден.
320 стр., А5 (200 х 140 мм), 2024 г.
Финалист за наградата „Роман на годината“ во 2021 година.
Роман за Едуард Пенкала, пронаоѓачот на пенкалото и на уште многу други пронајдоци.
Дејството на романот тече во бурниот период на преминот меѓу XIX и XX век и се одвива во неколку средини во Европа (Битола, Дрезден, Загреб, Софија...). Животните патишта на славниот хрватски инженер и пронаоѓач и на македонски чорбаџиски син, студент по музика во...
Ликот од огледалото
второ издание
Светлана Антиќ-Јовчевска
300 ден.
154 стр., 200 х 140 мм, 2024
Во оваа обична животна приказна хронолошки и ретроспективно се испреплетуваат размислувањата за луѓето и настаните низ кои поминува единката низ животниот циклус - од раѓањето, детството, младоста, средната доба... И сето она низ кое минува една генерација од 60-тите години на минатиот век и нејзиното (не)снаоѓање во транзицијата која носи и жртви.
Ова е длабоко...
Дожд во Париз
Роман Сенчин
500 ден.
364 стр., 200 х 140 мм, 2023
„Дожд во Париз“ е психолошки роман. Многумина добиваат желба да избегаат од неуспеси и пресврти или од сивилото во коешто живеат. Некои луѓе треба само да одвојат малку време за да ги вратат работите во нормала. За некого целосната промена на сценографијата нема да биде доволна – секогаш ќе има нешто што нема да дозволи да биде одвлечен од минатото...
И покрај националните пресврти...
Мал историски калеидоскоп
Невен Радически
200 ден.
128 стр., 200 х 140, 2023
„Мал историски калеидоскоп“ од Невен Радически, која претставува збирка од седум текста и два историски документа. Во нив се обработуваат и се разгледуваат различни прашања и теми, претежно поврзани со македонското поблиско историско минато.
Невен Радически (1979) е доктор по историски науки и работи во Институтот за национална историја во Скопје, каде што и магистрирал. Се занимава со...
Добар ден, тато
Стјепан Томаш
200 ден.
144 стр., 200 х 140 мм, 2023
Емотивен роман за едно тринаесетгодишно момче, кое, откако дознава дека е посвоено, добива голема желба да ги запознае биолошките родители. На патот до таа вистина, соочувајќи се со светот на возрасните каде што владеат некои нови, посурови и понечувствителни односи и борејќи се со училишните проблеми, првите тинејџерски љубови, односите со другарите - момчето брзо созрева.
„Добар ден, тато“...
Баш сум хепи!
Сања Пилиќ
200 ден.
118 стр., 200 х 140 мм, 2023
Сања Пилиќ во својата проза посебно сочувствува со девојчињата и момчињата во пубертетот. Нејзините раскази и романи започнуваат без долги воведи и доминираат неформални, хумористични дијалози. Таа создава мост на разбирање меѓу возрасните и децата, почитувајќи ги и двете возрасти. Нејзиниот вокабулар е разговорен, а речениците ѝ се куси и исполнети со ведрина. Чувствата отворено се изразуваат, а чест е внатрешниот монолог. Таа сака...
Неразбудениот
Ранко Матасовиќ
250 ден.
188 стр., 200 х 140 мм, 2023
„Неразбудениот“, е роман со автобиографски елементи, хроника на загрепското поднебје и хрватското општество од 1920-тите до 2000-тите години. Животот на Радован Маретиќ, главниот јунак на овој роман, е опишан низ погледите на луѓето од неговата околина – семејството, пријателите, соработниците, љубовницата… Секој од нив додава по едно камче во мозаикот кој го создава ликот, кој ја создава личноста. Авторот вешто го крие сезнајниот...
Поглед отстрана. Рацин (1908 - 1943)
Горан Калоѓера
250 ден.
134 стр., 200 х 140 мм, 2023
Заштита на историскиот град Пекинг: клучни термини
250 ден.
154, 200 х 140 мм, 2023
Оваа книга содржи 110 клучни концепти за заштитата на историскиот град Пекинг, каде централно место има познатиот Забранет Град. Концептите се дефинирани од аспект на историјата, урбанистичкото планирање, системот за заштита и конзервацијата на ревитализираниот стар Пекинг, во кој се наоѓа најголемиот и најдобро зачуван владетелски комплекс од дрвени палати во светот.
Пекинг има историја од повеќе од 3000 години...
Социолингвистика
Александра Ѓуркова
Социолингвистика
Македонски јазик: јазичното планирање и јавната комуникација
500 ден.
362 стр, Б5 (240 х 170 мм), 2023
Книгата претставува научна обработка на основите на социолингвистиката како дисциплина којашто се дефинира како изучување на јазикот во општеството, а ги опфаќа и социологијата на јазикот, јазикот во јавната комуникација, јазичните контакти и интерференцијата, комуникативната компетенција, јазичните политики во светот и социолингвистичките прашања за...
Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески
Јованка Кепеска,
приредувач
400 ден.
212 стр., Б5 (240 х 170 мм), 2023
Книгата содржи материјали од оставината на основоположникот на македонското граматичарство, авторот на првата македонска граматика, истакнат македонист, педагог, учебникар, методичар, преведувач, собирач на народни умотворби.
Во оваа книга е објавени текстови за развојот на македонскиот литературен јазик; обраќања при одбележувањата на годишнини од првата македонска...
Се викам Селма
Селма ван де Пере
350 ден.
202 стр., 200 х 140 мм, 2023
„Се викам Селма“ е неверојатна мемоарска книга на една Еврејка, жена борец на Отпорот во Холандија, која преживеала нацистички кампови и логори. Кога избувнала Втората светска војна имала само 17 години. Тоа што била Еврејка дотогаш не играло никаква улога во нејзиниот живот, но наеднаш станало прашање за живот и смрт. Користела лажен идентитет и ги преживеала воените ужаси и мачеништвата во логорите. За тоа време никој не знаел дека...
Клучните концепти во кинеската традиционална култура на владеење на правото
Цуи Јунхуа
Ли Чи
200 ден.
124 стр., 200 х 140 мм, 2023
Книгата се состои од три дела: Филозофија на правото, Правен систем и Правна култура и претставува збирка со 107 поими или фрази од кинеската традиционална правна култура и нивно толкување. Тие се засновани на социјалистичката теорија за владеење на правото со кинески карактеристики. Традиционалната култура на владеење на правото е поткрепена со современо толкување на древната филозофија на правото, институциите и културите, и...
Во главата на Бруно Шулц
Максим Билер
120 ден
56 стр., А5 (200 х 140), 2023
Во новелата „Во главата на Бруно Шулц“ Максим Билер раскажува приказна за големиот еврејски писател Бруно Шулц. Во оваа магична, трагикомична, бурлескна новела, тој ни нуди патување до полскиот град Дрохобиц, во светот на Бруно Шулц, во 1938 година. Нè води во подрумот каде што Бруно Шулц, кој работи како гимназиски професор по уметност и сонува за писателска слава во Европа, му пишува писмо на Томас Ман. Тој се надева дека светски...
Русинката
Џиб Михаеску
500 ден
200 х 140, 320 стр., 2023
Ремек-дело на еден од најголемите романски класици.
Еден од најдобрите воени романи на европската литература, воен роман во форма на модерна бајка.
Дејството – на границата меѓу Романија и Русија, набргу по Октомвриската револуција.
Главен лик – романски офицер, растргнат меѓу воените обврски и романтичниот порив спрема жените кои се неговата најголема опсесија. Дали тој ќе го најде својот...
Оган во снегот
Лука Вукушиќ
250 ден.
158 стр,, 200 х 140 мм, 2023 г.
За книгата со раскази „Оган во снегот“ Лука Вукушиќ ја доби наградата „Славиќ“ на Друштвото на хрватските писатели за 2018 година за најдобра дебитантска авторска книга во 2017 година.
Расказите во збирката претставуваат еден вид впечатоци, кратки слики извлечени од сеќавањето или секојдневниот живот, често обоени со тага или носталгија, чувство на осаменост, но и топлина на малите животни радости и убавина што може да се види во...
Тајни незнајни
Киро Донев
200 ден.
116 стр., 240 х 170 мм, 2023 г.
Адела
Гарабет Ибраилеану
250 ден.
160 стр., 200 х 140 мм, 2023 г.
„Адела“ е класика во романската литература и е филозофски роман во кој главен лик е љубовта.
Ова е роман за искушенијата на љубовта, за судирот меѓу разумот и чувствата, за енигмата на вечниот женски принцип. Инспирирана апотеоза на животот, осмислена од љубовта.
Суштината на романот е анализата направена од четириесетгодишен човек, психолошка интроспекција која произлегува од...
Весел зоо парк
Киро Донев
200 мкд
трето издание
96 стр., 240 х 170 мм, 2023 г.
Кога главните јунаци – животните ќе се развеселат и ќе ги покажат сите итроштини во згодите и незгодите во веселиот зоо парк, а уште ако сето тоа е раскажано од Киро Донев, тогаш младиот читател добива првокласно четиво.
И оваа, како и повеќето од четириесетте книги на Киро Донев, е наменета за деца од помала возраст – од пет до дванаесетгодишна возраст. И овде...
Разбирање на Кина: 100 клучни термини
200 ден.
128 стр., 200 х 140 мм, 2023
Толкување на кинеската мудрост во сто термини од аспект на „филозофската, историската и животната мудрост“. Содржи 21 термини филозофска мудрост, 34 историска мудрост и 45 термини од традиционалната кинеска медицина.
За полесно да се разбере „современа Кина“ треба продлабочено да се познава „традиционална Кина“, односно кинеските филозофски мисли, хуманистичкиот дух, начините на размислување и вредностите. Кинескиот народ се потпира на мудроста...