Македоника Литера

Големоглав син и малоглав татко

   Џенг Чунхуа   

   (Антологиска серија „Најдобрата кинеска литература за деца“)

   200 ден. - меки корици

   300 ден. - тврди корици

   190 стр. / А5 (200 х 140)

   „Големоглав син и малоглав татко“ е најпознатото дело на кинеската писателка Џенг Чунхуа (1959) кое во Кина со години е бестселер и е едно од најрепрезентативните дела во литературата за деца. Адаптирано е за цртана серија која е посебно популарна кај младите и се прикажува во неколку сезони. Приказните во оваа е однесуваат на едно среќно семејство – син со голема глава, татко со мала глава и мајка со престилка. Тие, обични и срдечни, водат заеднички живот полн со смеа. Во семејство полно со љубов и топлина, синот расте и учи како да ги почитува другите луѓе, како да се соочува со тешкотии и како да ги сака другите.

   Книгата е неверојатно духовита и луцидна.

   „Кога син ми имаше три години јас и мојот сопруг често го носевме да се поврзе со природата и да го научиме за сите видови мали животни. За време на овој процес, додека мојот сопруг и син си играа среќно, забележав некои уникатни работи за тој период и добив идеја да создадам дело за односите на љубов во семејство со едно дете, што е главна структура на семејството во сегашново општество. Конечно, делото се појави како Големоглав Син и Малоглав Татко“, пишува авторката.

   Делото доби неколку високи награди, а Кинеската централна телевизија направи анимирана серија од 156 епизоди базирана на делото, која ја освои наградата за анимација „Златен орел“ (Кина), добивајќи голема наклонетост од децата и од родителите.

Развигорот нежно дувка

   Сун Ѓианѓианг

  (Антологиска серија „Најдобрата кинеска литература за деца“)

   200 ден. - меки корици

   300 ден. - тврди корици

    154 стр. / А5 (200 х 140) / 2021

   „Развигорот нежно дувка“ содржи избрани басни и бајки на Сун Ѓианѓианг (1946). Басните се куси, но предизвикуваат размислување со извонредно изведени заплети и техники за пишување. Тие можат да го поттикнат критичкото размислување на младите читатели. Некои од басните се полни со животна филозофија, додека други се...

Дрвото сладок портокал

   Цао Венсјуан

   (Антологиска серија „Најдобрата кинеска литература за деца“)

   200 ден. - меки корици

   300 ден. - тврди корици

   188 стр. / А5 (200 х 140) / 2021

   „Дрвото сладок портокал“ ги содржи најрепрезентативните 12 раскази напишани од Цао Венсјуан (1954), кои претставуваат четива за светот на вистинското, доброто и убавото. Цао Венсјуан е автор и на истражувачки дела за литературата и сценарист и е добитник на неколку книжевни награди и награди за сценарио на филмски...

Крвавооката мечка

Шен Шиси

200 ден.

142 стр. / A5 формат (200 x 140)

Прочитај извадок

    Новелата „Крвавооката мечка"  е една најчитаните и најпреведувани новели на Шен Шиси. Таа е дел од нашата серија пет книги со најдобрите новели од најчитаниот кинески писател за деца и млади - „кралот на приказните за животни“ Шен Шиси!

   Во новелите на Шен Шиси се возвишува филозофијата на животот. Животинскиот свет е ист како човечкиот. Во...

Последниот слон воин

Шен Шиси

200 ден.

142 стр./ A5 формат (200 x 140)

Прочитај извадок

    Новелата „ Последниот слон воин"  е една најчитаните и најпреведувани новели на Шен Шиси. Таа е дел од нашата серија пет книги со најдобрите новели од најчитаниот кинески писател за деца и млади - „кралот на приказните за животни“ Шен Шиси. 

   Во новелите на Шен Шиси се возвишува филозофијата на животот. Животинскиот свет е ист како човечкиот...