Македоника Литера

Собрани дела том.2: Џуџести и други необични приказни

  Горан Б.Стојаноски

 300 мкд

     Вториот том ги содржи трите книги на Стојаноски кои содржат по триесет до четириесет помали сказни, а тоа се Џуџести сказни, Трпкавица в ногавица и Шумски сказни. На крајот на вториот том е објавен и поговор за сите дела од Горјан Петревски, а книгите се илустрирани со цртежи.

   

     Горан Б. Стојаноски на умешен и ненаметлив начин проникнува во тајниот свет на децата и со помош на своите, навистина, необични сказни, создава еден уште понеобичен начин на патување низ разни авантури, за кој децата, секогаш со задоволство читаат, затоа што тие во нив лесно се препознаваат и посакуваат да се најдат во дејството или едноставно, да се идентификуваат со јунаците од овие раскази. Покрај необични случувања препознатливи за детските светови, авторот детето го воведува и во димензиите на паралелното живеење на разните суштества со човечка форма. И тука сè е некако нормално и едноставно, сè е колку интересно, толку и сфатливо и прифатливо, бидејќи и џиновите и џуџињата се исти како и луѓето и се со истите маани или пак доблести...

 
 

 

 

Божјиот фенер на морето (Најдобрата кинеска литература за деца)

 Донг Хонгјоу

Мека корица 200 мкд

Тврда корица 300 мкд

230 стр./ A5 формат (200x140)

     Донг Хонгјоу (роден во 1950 година), првин работел како учител по кинески јазик во нижо средно училиште во рурална средина, а подоцна и како уредник во литературно списание. Таквите работи му помогнале да го запознае подобро светот на децата и уште повеќе да им се посвети. Неговите најпознати дела се: Сто соништа на кинеските деца (роман), Шума стара четиринаесет години (роман), Планинскиот дух (научна...

Малиот ној витез (Најдобрата кинеска литература за деца)

 Лиу Сианпинг

Мека корица 200 мкд

Тврда корица 300 мкд

190 стр./ A5 формат (200x140)

    Лиу Сианпинг (роден во 1937 година во Феидонг, во провинцијата Анхуи) е познат кинески писател за деца, кој во своето творештво е преокупиран со природата. За тоа тој пишува: „Природата е мајка што го храни целото човештво и исто така, извор на знаење. Сакам да ги водам децата во таа насока, преку литература каде што тема е природата, и да направам да чувствуваат благодарност кон природата, да го сакаат...

Братучед ми доаѓа (Најдобрата кинеска литература за деца)

 Ќин Венѓун

Мека корица 200 мкд

Тврда корциа 300 мкд

210 стр./ A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

 

      Ќин Венѓун (родена во 1954, во Шангај), е реномирана кинеска писателка чии книги се издадени повеќе од пет милиони примероци, вклучувајќи ги и Ученикот по име Ѓиа Ли, Ученичката по име Ѓиа Меи, Историја на детскиот ум на едно девојче, Улицата Тиантанг број 3, Главното бебе, Денови на лудории, Таотао, Малото девојче по име Лин Сиаоми, Нова биографија на малата Сианггу, Сончогледот...

Вкусот на сонцето (Најдобрата кинеска литература за деца)

Џанг Џилу

 Мека Корица 200 мкд

Тврда корица 300 мкд

214 стр. / A5 формат (200x140)

 

        Џанг Џилу е роден во Пекинг, во 1945 година. Тој е директор на Детскиот литературен комитет на Kинеското здружение на писателите и познат сценарист. Бил номиниран за наградата Ханс Кристијан Андерсен. Негови познати дела се: Дете гром, Третата легија, Забранета мудрост, За кого пее Сисада?, Тотална илузија, Фудбалскиот херој, Јас и мојата сенка, Прасето херој, Танц на кинеските карактери и...