Македоника Литера

Суво мастило

второ издание

Владимир Илиевски

 

400 ден.

320 стр., А5 (200 х 140 мм), 2024 г.

 

Финалист за наградата „Роман на годината“ во 2021 година.

Роман за Едуард Пенкала, пронаоѓачот на пенкалото и на уште многу други пронајдоци.

Дејството на романот тече во бурниот период на преминот меѓу XIX и XX век и се одвива во неколку средини во Европа (Битола, Дрезден, Загреб, Софија...). Животните патишта на славниот хрватски инженер и пронаоѓач и на македонски чорбаџиски син, студент по музика во Дрезден, се сечат во временски, просторни и судбински точки. Тие точки отвораат моќни егзистенцијални прашалници кои не се поврзани само со времето и просторот, туку се и универзални. 

Овој роман не е само приказна за изумителот на пенкалото. Овој роман содржи повеќе приказни.