Македоника Литера

Интердискурзивните дијалози на книжевноста

 Марија Ѓорѓиева Димова

250 ден. 

221 стр. / A5 формат (200 x 140)

   „Интердискурзивните дијалози на книжевноста“ од Марија Ѓорѓиева Димова e книга која претставува студија од областа на книжевната теорија и книжевната херменевтика. Содржи дванаесет текста, распоредени во три циклуси: 1. Интердискурзивните дијалози меѓу книжeвноста и историјата; 2. Интердискурзивните дијалози меѓу книжeвноста и теоријата; 3. Интертекстуалните дијалози на книжевноста.

   Поаѓајќи од актуелните и доминантните тенденции во книжевноста кои се во знакот на интердискурзивните, интермедијалните и интертекстуалните трансгресии на нејзините граници, оваа студија ги истражува видовите релации што книжевноста ги воспоставува со другите дискурси, уметности и медиуми. Истражувањето се реализира на две рамништа – на теориско и на интерпретативно. На теориското рамниште се елаборирани теориските модели што ги верификуваат овие развојни насоки во книжевноста (како, на пример, во концепциите на Аристотел, Михаил Бахтин, Брајан Мекхејл, Марк Кари, Линда Хачион, Елизабет Веселинг, Ансгар Нининг и други). На интерпретативно рамниште се толкуваат единаесет книжевни дела кои припаѓаат на различни литератури (старогрчката, британската, руската, чешката), на различни стилски формации и поетики (античката, модернистичката, постмодернистичката) и на автори кои се исклучителни книжевни авторитети во европската и во светската литература (Лукијан од Самосата, Хенри Џејмс, Џулијан Барнс, Антонија С. Бајат, Маргарет Атвуд, Милан Кундера, Андреј Бели, Виктор Шкловски, Евгениј Водолазкин, Андреј Битов).

    Истражувањето, реализирано на теориско и на интерпретативно рамниште, ги елаборира...

Животот на литературната класика

Пламен Тотев 

250 ден. 

184 стр. / A5 формат (200 x 140)

Прочитај извадок

    Кои се главните карактеристики на класичните епохи и книжевните трендови од антиката до денес? Кои се иконите автори и дела што се задолжителни за секој читател? Кои се доминантните теми и прашања? Одговорите на овие прашања се бараат во книгата на Пламен Тотев.
   Книгата фрла светлина врз историскиот развој на античката и...

Пред алфа и пред делта

Науме Радически

Пред алфа и пред делта
Прилози за македонската другојазична литература

250 мкд

      Науме Радически во оваа книга ја проследува богатата и разнородна литературна продукција, што во минатото, поради разни општествено-политички, културни, социјални, миграциски и други причини, ја создаваа Македонците на јазиците на соседните, но и на други подалечни народи.

      Во неговите истражувачки резултати се содржани сите позначајни дела и автори во 19 и 20 век. Во...

Тeoрија на книжевноста во (интер)акција

Марија Ѓорѓиева Димова

350 мкд

      Авторката актуализира неколку клучни книжевнотеоретски и херменевтички теми и категории, елаборирани и во теоретски и во интерпретативен контекст.

      Интертекстуалноста, метафикцијата, авторот, читателот, влијанието, биографската метафикција, иронијата, интерпретацијата се само дел од прашањата коишто се разгледуваат во компаративниот пресек на современите концепции и коишто интерпретативно се промислуваат преку романите на А. Бајат, З. Лешиќ, У...

Естетика

Јуриј Борев

500 мкд.

572 стр. /A5 формат (200x140)

      Рускиот научник академик Јуриј Борев е водечки руски естетичар и еден од најавторитетните и најпознатите естетичари во светот. Автор е на повеќе дела од областа на естетиката, теоријата на литературата и на уметноста. Неговото најпознато дело е „Естетика“.

      Неговото најново издание се смета за најопфатното дело од овој вид во овој момент во светската естетичка литература, односно според својот обем и комплексноста се...