Киро Донев
300 ден.
160 стр., 200 х 140 мм, 2025
Овој еколошки роман, пред сè, им е наменет на децата и младите, чијашто иднина зависи од нивниот однос кон Природата, кон нејзиниот севкупен животински и растителен свет, ама и кон нивната животна околина. Приказната во него е и порака и апел, децата никогаш да не потклекнат пред предизвиците на модерната наука и техника кога се во прашање природата и средината во којашто живеат. Но, и не само ним, туку книгава им е наменета и на сите оние коишто сакаат да придонесат и да помогнат да се промени начинот на размислување и однесување кон мајката Природа и планетата Земја, чијшто животински и растителен свет, сè повеќе неповратно исчезнува од пред нашите очи.
На страниците на оваа книга, Природата не е насликана со фотографска точност, туку живо е пренесена, пресоздадена со сите нејзини бои и мириси, со сите нејзини светлини и облаци, со сиот нејзин и голем и мал, невидлив свет, крај кого минуваме а не го забележуваме.
***
Киро Донев е роден на 21 март 1942 година во с. Моноспитово, Струмичко. Завршил Учителска школа во Штип и Филозофски факултет – група Југословенска книжевност со македонски јазик во Скопје. За време на студиите бил редовен соработник во студентските и младинските весници „Студентски збор“ и „Млад борец (каде што објавувал главно раскази за возрасни, репортажи и хумористично-сатирични творби).
Една година работел како учител во родното место, а потоа (од 1965 г.) целиот работен век го помина во редакцијата на „Детска радост“ при НИП „Нова Македонија“, првин како новинар, потоа, одговорен уредник на неделникот за деца и млади „Наш свет“ и...


Олга Стехликова
Силвија Шесто
Сања Пилиќ
Киро Донев