Македоника Литера

„МАКЕДОНИКА ЛИТЕРА“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ НА КНИГАТА ВО ПЕКИНГ


„Maкедоника литера" на меѓународниот саем на книгата во Пекинг

На 25 август во Пекинг, ќе се одржи форум на Здружението на издавачи на Кина и Централна и Источна Европа 17 +1, на кој, со свој говор, ќе учествува и Нове Цветаноски, управител на „Македоника литера“, која пак е член на асоцијацијата уште од нејзиното основање. Форумот ќе се одржи на интернет-платформа, а темата е преведувањето на класици од општествените науки и заемното запознавање на цивилизациите.

Од утре (среда, 26 август) до 30 август, во Пекинг, Народна Република Кина, ќе се одржи 27. Меѓународен саем на книгата, на кој, поради ситуацијата со корона вирусот, доминантно учество ќе имаат кинеските издавачи. На саемот своевидно учество ќе има и „Македоника литера“, чии македонски изданија на кинески книги ќе бидат изложени на штандовите на издавачите – партнери со коишто соработува „Македоника литера“. Изданија на „Македоника литера“ на овој саем беа изложувани и во изминатите три години. Годинашниот меѓународен саем на книгата во Пекинг ќе се одржи под мотото „Живеј читајќи“, а една од поголемите манифестации на саемот ќе биде изложбата на книги за деца, на која ќе бидат изложени десет илјади наслови на 14 јазици, меѓу кои и на македонски. Имено, ќе биде изложена серијата на македонски јазик „Најдобрата кинеска литература за деца“.
Инаку, Меѓународниот саем на книгата во Пекинг ќе има и интернет верзија, а ќе се одржи еден месец подоцна, односно од 26 до 30 септември и на кој, исто така, ќе учествува „Македоника литера“. „Македоника литера“ учествуваше и на Првиот меѓународен виртуелен саем на книгата во Кина, кој се одржа на крајот на јули годинава, а го организираше глобалната кинеска медиумска корпорација Кинеска...

НАСКОРО три нови извонредни книги во издание на „Македоника литера"

         Станува збор за одлични дела од реномирани автори и тоа книгата „Мудоста на Конфучиј-научете да бидете врвен лидер' од Каспер Ших, „Адам и Ева', ремек делото на Ливиу Ребренау, и збирката раскази „За жените  од Бинг Син, најпознатата кинеска писателка на „женското писмо"во 20 век.

     ...

Промоција на книгата „Реторички лексикон на поими и дефиниции"

Промоција на книгата „Реторички лексикон на поими и дефиниции" на Трајко Огненовски

     Во среда, 26 февруари, со почеток во 19,19 часот, во Салонот 19,19 во Културно- информативниот центар во Скопје, ќе биде промовиран „Реторичкиот лексикон на поими и дефиниции“ на проф. д-р Трајко Огненовски, кој неодамна го објави „Македоника литера“. За лексиконот ќе зборуваат Димитар Пандев и Сашо Огненовски. 

     „Реторичкиот лексикон“, кој претставува...

НАСКОРО! ВОДИЧ ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНА ВИРУС – БЕСПЛАТНА КНИГА

ВОДИЧ ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНА ВИРУС

   Наскоро ќе можете да прочитате совети за заштите од корона вирусот во книгата која ќе ја објави „Македоника литера“, а ќе биде слободна и бесплатна за преземање:

ВОДИЧ ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНОВИРУСНА БОЛЕСТ – БЕСПЛАТНА КНИГА. 

   Водичот е превод на македонски јазик на кинеско издание, во кое се содржани кинеските искуства во борбата против новиот корона вирус, а е подготвен и одобрен од официјалните здравствени институции на НР Кина.

 

НАСКОРО- КНИЖЕВНИОТ БУМ „ВО ВРЕМЕ НА ЕПИДЕМИЈА" И ВО МАКЕДОНИЈА!

   Наскоро!
  Книжевниот бум, книгата „ Во време на епидемија" и во Македонија!

    Штотуку објавената и планетарно популарната книга на познатиот италијански писател Паоло Џордано ВО ВРЕМЕ НА ЕПИДЕМИЈА, по италијанското издание објавено на крајот на март, пред неколку дена излезе во 16 земји, а за неколку дена ќе излезе и во Македонија, во издание на „Македоника литера“.
    Дури 31 издавач во 29 земји речиси истовремено ја објавуваат оваа книга...