Македоника Литера

Струмички шерифи

Комедија на струмички дијалект

Ацо Ѓоргиев

300 ден.

64 стр., 200 х 140 мм, 2025

Дејството во овој драмски текст е сместено во осумдесеттите години на минатиот век во Струмица. Ѓоргиев на сатиричен, хумористичен, ироничен, провокативен, а во исто време и со груба подбивност, презрив и дрзок однос кон моралните и општествените состојби, отсликува една социјална, урбана и малограѓанска атмосфера на која посебна привлечност и дава нарацијата на струмичкиот дијалект. Во поговорот на книгата, Даниела Пејева Митева пишува дека Ацо Ѓоргиев „нуди своја естетика, која се базира на иронизирање, употреба на сарказам, па дури и гротескни мотиви во раскажувањето на една навидум обична приказна, со силни пораки за моралното и неморал­ното во секоја смисла... Доста добар впечаток во драмата оставаат: дијалектниот говор, изнијансираноста на ликовите, богатството на идеите е неусилено и сите идеи и теми се достојни за еден длабински херменевтички зафат. Сите случки во оваа драма не се сосема случајни, туку асоцијативни и контекстуални. Во нив дејствуваат ликови од реалноста, со јасно профилирани карактерни линии. Во ’Струмички шерифи‘ има палета различни ликови, со различни и точно утврдени карактери, кои не само што ја дополнуваат сатиричноста во самата ситуација, туку и ја определуваат и психолошката матрица врз која дејствуваат. Изненадувачки е што авторот Ѓоргиев не ја наметнува својата приказна како стожерна во неговиот наратив, туку преку дејствувањето на ликовите и развојот на дејството го апострофира ’моралното‘. Тука асоцијативно може да се насетат и да се видат апсурдностите од реалноста на секојдневниот живот.“

Ацо Ѓоргиев (1970, Муртино, Струмичко)...

Пер Гинт

Хенрик Ибзен

200 мкд

136 стр./ A5 формат (200x140)

      Драмски спев, метафора на животот...
Величествено дело без граници меѓу реалното и фантастиката, свеста и потсвеста.

      „Пер Гинт“ е драмски спев кого уште современиците на Ибзен го прогласиле за величествено дело. Во критиката за литературата е наречен и „Хамлет на северот“. Драматуршкиот материјал почива врз непресушниот инстинкт за слобода и индивидуалноста како трагична вина за поединецот во системите на...

Народен непријател

Хенрик Ибзен

200 мкд

      Во оваа драма Ибзен го критикува не само конзерватизмот на општеството, туку и либерализмот на времето. Основната порака во ова дело е дека човекот, кога останува сам, сё повеќе е во право: „Најсилен човек во светот е оној кој е – сам!“.

      Нарачај

Џон Габриел Боркман


Хенрик Ибзен

150 мкд.

90 стр./ A5 формат (200x140)

      Приказната на Ибзен за Џон Габриел Боркман е приказна за подемот и падот на еден човек, шпекулативен банкар.

      Тоа е драмски портрет за човек опседнат и возбуден од парите со кои може да се освои светот. За него парите се сила што постои надвор од човечкиот ред и човечките закони, со која се гази љубовта и која остава жртви зад себе, но и причина за разорување, уништување и осиромашување на човечкиот живот. Парите лесно носат...

Домот на куклата (Нора)

Хенрик Ибзен

200 мкд.

108 стр./ A5 формат (200x140)

      Драма, исклучително смела во третманот на жената како сопруга и мајка во семејството. Жестока критика до општеството со силна порака за индивидуалната слобода.

      „Домот на куклата“, позната и како „Нора“, е  пиеса со извонредна драматуршка конструкција и е најчесто поставуваната драма на Ибзен. За времето кога се појавила била исклучително смела во третманот на жената во општеството и семејството и во контекстот на цврстите...