Јованка Кепеска
400 ден.
190 стр., 200 х 140 мм, 2026
„Македоника литера“ деновиве ја објави книгата „Македонски идентитетски прашања“ од Јованка Кепеска, во која авторката на македонскиот идентитет му пристапува од историски, филозофски, социолошки, културолошки и филолошки аспект.
Авторката ги предочува темелните аспекти на идентитетот на македонскиот народ, ги посочува теоретските основи, реалните историски процеси, актуелните национални и геополитички состојби и процеси и влијанија, проблемите со несоодветните термини во идентитетските определби и потребата од општествената грижа за зачувување и афирмација на идентитетските обележја на македонскиот народ. Кепеска пишува и за некои разлики кон приодите кон македонските идентитетски прашања од аспект на филологијата, историјата, етнологијата и филозофијата.
Книгата е поделена на пет поглавја: Политичкиот идентитет на македонскиот народ, Македонската култура како идентитет, Македонскиот литературен јазик како идентитет на македонскиот народ, Општествениот развој како претпоставка за македонската идентификација и Аспекти од светскиот развој поврзани со нас. Меѓу другото, таа пишува и на следните теми: раната македонска идентификација; природно-правниот приод кон македонската нација; значењето на асномските одлуки за македонскиот политички идентитет; ограничувањата на Преспанската спогодба во однос на македонскиот политички идентитет; мултикултурното општество и мултиетничката држава; стратегијата за македонското национално прашање; релативизирање на македонскиот карактер на државата; ставовите на македонскиот народ спрема Македонците во соседните земји; новиот обид да се наметне заедничка историја со Бугарите; македонството; македонската култура како столб на...

_korica_.jpg)


