Македоника Литера

Анимистичките концепти во сказните

Розе Нешковска Славковска

300 ден.

144 стр., 200 х 140 мм, 2024 г.

 

Предмет на истражување во овој труд е анимистичкиот концепт за надворешната душа и неговото присуство во македонскиот сказничен фолклор. Анимистичките претстави во сказните се толкуваат од аспект на примитивните анимистички концепти кои се универзални во сказните на сите народи во светот. Книгата содржи интерпре­та­ции на фолклор­ните мотиви со митолошко-ритуалистичката експли­кација на врвните митолози, антрополози и фолклористи во светот (Едвард Тајлор, Џејмс Фрејзер и Владимир Проп), а резултатите се применети во повеќе научни дисцип­ли­ни: фолклористика, антропологија, компаративна мито­логија и историја на религиите. Прикажувајќи ги анимистичките концепти во македонскиот сказничен фоклор, оваа книга ги продолжува и ги надградува постојните истражу­вања на овој феномен во македонската фолклористичка наука. Новитетите и знаењата кои ги нуди се особено значајни во делот на интерпре­та­цијата на македонските волшебни приказни (сказни) од пове­ќе тематски аспекти на анимизмот и сите негови значенски моди­фикации. Особено значајни за македонската фолклористичка наука е анализата на аспектите на метаморфозата на надворешната душа во сказните запишани од Кузман Шапкарев и Марко Цепенков. Во овој дел од книгата, Нешковска Славковска нуди релевантна типоло­ги­ја на мета­мор­фозите на душата во материјален или нематеријален објект, како и комбиниран тип на преобразби со солидна научна интерпретација врз апликативен материјал од повеќе репрезентативни македонски волшебни приказни: „Бабината мома Злата Позлатена“, Силјан Штркот“, „Дуња Ѓузели и царскиот син“, „Четириесетте царски синои и чети­рие­сетте снаи, големата змија, Ламјата, Арапо, Царо и...

Деконструкција на ликот

Ранко Младеноски

200 ден.

270 стр., 21 см, 2014 г.

Оваа книга претставува современа анализа на ликот, како еден од основните раскажувачки елементи, и тоа од аспект на неговата семантичка дезинтеграција и морална деградација. Деконструкција на ликот обработува современа проблематика во рамките на теоријата на литературата и мошне умешно и многу солидно ја покажува нејзината примена во дела од македонската современа книжевност – во прозата на Димитар Солев и Драги Михајловски.

...

Беседа против богомилите на Презвитер Козма

Илија Велев

450.00 ден.
230 стр., Б5 (240 х 170), 2011

 

„Беседа против богомилите на Презвитер Козма“ е интегрално објавена во две верзии: на црковнословенски и на современ македонски јазик, но делумно и во факсимилна форма. Во оваа книга таа е првпат целосно објавена на современ македонски јазик – досега беа објавени само фрагменти.

Објавувањето на двете верзии на двата дела од текстот на полемичката Беседа на Презвитер Козма й овозможува на...

Научната фантастика во македонската книжевност за деца и млади

ЈованкаДенкова

300 ден.

304 стр., 200 х 140 мм, 2022 г.

 Овој труд на Денкова е книга за научната фантастика како феномен во книжевноста, но многу повеќе е книга за научната фантастика во современата македонска книжевност за деца и млади. Поимот и особеностите на научната фантастика, нејзината генеза и карактеристиките, класификацијата во македонската книжевност за деца и младина и преплетувањето на научната фантастика со други книжевни жанрови – се главните тематски подрачја во оваа...

Низ лавиринтите на книжевното писмо

Ранко Младеноски

300 ден.

340 стр., формат: 200 х 140, 2022

Оваа книга содржи анализи и интерпретации на семиотичките лавиринти на книжевно-уметнички дела на автори од современата македонска книжевност и на две компаративни студии и два осврта за книги на странски автори. Тоа се анализи, толкувања и осврти на книжевни дела кои оставиле значајни траги во литературата и коишто предизвикале интерес кај книжевната критика и кај читателите. Повеќето трудови се посветени на познати македонски...