Ениса Мирто
200 ден.
200 х 140 мм
Дебитантската поетска книга „Далечни вистини“ на Ениса Мирто содржи педесетина песни. Ениса Мирто (1987, Скудриње) е родена во Македонија, а живее во Тревизо, Италија. Нејзиното лирско творештво е одраз на нејзиниот животен пат кој е спој на традицијата и современото, на роднокрајните корени и традиции и влијанијата на историските и цивилизациските белези на средината во која живее. Растејќи во прекрасните рекански рустикални предели, уште од најрана возраст ги впива вредностите на семејството, трудољубивоста и почитта кон културното наследство. Таа е поет со творечки идентитет обликуван од преплетот на различните култури, јазици и предели што ги носи во себе. Преку своите стихови ги поврзува своите балкански корени со италијанскиот културен простор, создавајќи лирски мостови меѓу минатото, сегашноста и вечноста. Нејзината поезија е длабоко интимна, духовна и метафизичка, свртена кон преиспитување на човековото постоење, тишината, медитацијата и моќта на зборот, поставувајќи си го, уште од детството, основното егзистенцијално прашање: кои сме, каде сме, зошто сме тука, која ни е целта и од каде извираат човековата болка и страдање.
