Македоника Литера

E-саем на кинески книги на „Maкедоника литера" (12.02.-16.02.2021 год.)

    Драги читатели, по повод Кинеската Нова година,
организнираме Е-САЕМ НА КИНЕСКИ КНИГИ кој ќе трае од 12.02.2021 година до 16.02.2021 година. Ја прославуваме КИНЕСКАТА НОВА ГОДИНА со одлични книги oд кинески писатели и книги за Кина по намалени саемски цени цели пет дена.
   Нашиот каталог може да го разгледате на следниот линк.
 Нарачки на книгите од кинеската полица по саемски цени може да се направат на нашата е-адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., или со порака на нашата фејсбук страница.
   БЕСПЛАТНА Е ДОСТАВАТА до карго базата за сума НАД 700 ДЕНАРИ, за сума од 1000 денари до врата.
 За порачки над 1500 денари следува ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ :)
 Ве очекуваме.
    Кинеска Нова година (т:農曆新年) е прослава на почетокот на новата година според традиционалниот кинески календар. Прославата се нарекува и Празник на пролетта или Пролетен фестивал. Секоја година е на различен датум, а паѓа на првата млада месечина од првиот месечев месец, или околу четири до осум недели пред пролетта. Оваа прослава е една од најважните во Кина, и една од најпрославуваните.
Вистинско време да се приближиме до Кина , да ја запознаеме оваа голема цивилизација и да уживаме во литературните дела на големите кинески мајстори на зборот