Аугуст Стриндберг
ПЕЛИКАНОТ
200 ден.
78 стр., 200 х 140 мм, 2012 г.
„Пеликанот“ е едночинка која има необична логика и визионерска фантастична сила и која потсетува на драмски дела со мотиви од митовите и бајките. Но намерата на Стриндберг не била да ја поетизира или романтизира егзистенцијата како во драмите со мотиви од бајките и приказните... Насловот на оваа пиеса произлегува од претстава во времето на Стриндберг, дека пеликанот им давал на своите младенчиња да цицаат крв. Стриндберг го превртува поимот и ја прави Мајката како искористувач што ги занемарува своите деца. Пиесата е пишувана од перспектива на децата. „Пеликанот“ е натуралистичка, експресионистичка и апсурдна драма, која ретко се игра во Шведска, но е една од најпоставуваните пиеси на Стриндберг во светот.
Превод од шведски јазик: Ивица Челиковиќ
