Македоника Литера

Сказна за чучулигата

Томе Богдановски

250 мкд

      „Сказна за чучулигата“ содржи драми, монодрами и радиодрами за возрасни читатели. Повеќето од нив претходно се наградени или откупени на анонимни конкурси.

       Карактеристично за драмските текстови на Богдановски е тоа што тој пишува приказни со цврста драма­туршка структура; со динамичен или драматичен тек, и со одмерен и ефективен дијалог. Дејството во секој текст е предадено со потребната внатрешна и надворешна конфликтност, како негова движечка сила.

      Томе Богдановски (1938, Бање – Кочанско) е поет, раска­жувач, романсиер, драмски писател и учебникар. Пишу­ва и за деца и за возрасни.

      Карактеристично за него е што голем дел од објаве­ни­те дела – расказите, радиодрамите и телевизиските драми, најпр­вин се наградувани или избрани на анонимни конкурси. Во македонската лите­ра­тура дебитирал истовремено со три книги, во 1972 година.

      „Сказна за чучулигата“ е втора негова книга со драмски текстови – претходно ја објавил збирката драми за деца „Ценцел“.