Македоника Литера

Македонската лустрација

Предраг Димитровски

200 мкд     

      Книгата е поделена во два дела – првиот насловен „Горчлива вистина“, а вториот „Лица без маски“.

      Во првиот дел авторот се осврнува на правниот, општествено-политичкиот и етичкиот аспект на македонската лустрација. Вториот дел, кој е пообемен, содржи историски документи, коментари и делови од дваесетина досиеја, кои ја потврдуваат соработката со поранешните тајни служби на поединци, кои отворено настапија против процесот на лустрација, а со тоа и против натамошната демократизација на македонското општество, како и на „угледни и видни“ личности од претходниот систем. На овој начин пред јавноста аргументирано се укажува на дејствувањето на тајните служби, кои во улога на господари на животот и смртта биле темел и основа за изградба и функционирање на комунистичкиот режим. Ставени во функција на заштита на комунистичките лидери, илустративно е претставено нивното дејствување во елиминирањето на „идеолошки неподобната“ интелигенција, групи и поединци и во формирањето на строго контролирана интелектуална „елита“...