Македоника Литера

Соочувања

 

   Зоран Тодоровски

   400 мкд

   347 стр. /240х170

         Оваа книга на проф. д-р Зоран Тодоровски (1950-2015), кој беше еден од најпродуктивните македонски истражувачи и автор и приредувач на голем број научни (историографски) публикации, содржи статии, пригодни текстови, научни реферати, промотивни текстови, предговори за публикации, сценарија за исто­риски документарни филмови, интервјуа и слични прилози, кои не беа објавени во посебна книга. Во некои од овие научни и афирмативни, историографски и културолошки прилози тој изнесува дотогаш помалку познати податоци и созна­ни­ја за македонската национална историја, ставови и гледања за одредени исто­риски прашања и личности, а во други пак нуди сублимирани текстови од негови научни студии (работени за сценарија и слични потреби и пригоди), кои се извон­редни историографски четива за поширок круг читатели.

     Вредноста и важноста на овие текстови се поголеми ако се има предвид фактот дека Тодоровски беше најактивниот македонски истражувач во балканските архиви во последните три децении и своите текстови ги базираше врз автентични архивски документи, односно во своите научни историографски трудови тој ја изнесуваше историската вистина, потпирајќи се првенствено и исклучиво врз фактографијата, односно врз податоците и сознанијата кои произлегуваа од архивската граѓа до која доаѓаше. Тој беше упорен и темелен истражувач, а темелен и педантен беше и во своите пишани трудови.

         Иако тематски, жанровски и методолошки оваа книга е хетерогена, таа прет­ста­вува една хомогена публицистичко-историографска и научна целина и дава една посеопфатна слика за плодниот научноистражувачки ангажман, односно за научниот профил на авторот.