Македоника Литера

Книга за Македонија

   Лудвик Куба

  500 ден.

  242 стр. / A5 формат (200 x 140)

 

  Прочитај извадок

   Како славниот Чех Лудвик Куба (сликар, музиколог, етнолог и писател) ја запознал, истражил, нацртал, насликал и ја опишал Македонија во 1925 и 1927 година?

   Извонредни патописни и ликовни сведоштва за Скопје, Скопска Црна Гора, Охрид, Струга, Прилеп, Битола, Преспа, Галичник, Смилево, Трескавец...

   Книгата „Kнига за Македонија" содржи и 20 репродукции во боја на слики создадени од Куба во Македонија, како и 20 цртежи и 18 нотни записи од македонски народни песни.

   Патописната книга на Куба, со поднаслов - Патувања и студии од 1925 до 1927 година, првпат е издадена во 1932 година во Прага и е резултат на престојот на авторот во Македонија во споменатиот период.  Дошол во Македонија, како што пишува и самиот, за да ги проучува македонските песни, обичаи и носии. Во Охрид се сретнал и со својот сонародник - ентомлогот и зоологот Јулиус Комарек, кој како што вели Куба, дошол да ги проучува своите истоименици - комарците, но исто така напишал прекрасна патописна книга за Македонија – „Непозната Македонија“ (која е веќе објавена и на македонски јазик).

   Патувајќи низ Македонија, почнувајќи од Скопје, Скопска Црна Гора, преку Гостивар, Дебар, Галичник, Охрид, Преспа, Струга, Прилеп, Битола, Штип и во други места, авторот прави прекрасен спој на уметнички етнографски слики и песни од овие македонски области. Книгата, која е составена од осум поглавја и е илустрирана со слики и голем број цртежи на Куба создадени во Македонија. Во овие ликовни дела со македонски мотиви,  меѓу другите, има цртеж на куќата на браќата Миладиновци во Струга, направен непосредно пред да ја зафати пожар, во чие гаснење учествувал и Куба. Сликите и цртежите & даваат исклучителна етнолошка, етнографска  и документарна вредност на книгата.

       Лудвик Куба (1863-1956) работел како професор на Академијата за сликарство во Прага. Неговото сликарско творештво го сочинуваат пејзажи, мртва природа и портрети и е мошне значајно за развојот на чешкиот импресионизам и чешките колоритски цртежи. Негови дела денес се наоѓаат и во Македонија, односно во Музејот на современата уметност во Скопје.

      Неговата собирачка и научна дејност била насочена спрема фолклорните традиции на Лужице, спрема јужнословенските области и спрема Русија. Како резултат на неговата интензивна истражувачка работа во оваа област е збирката народни песни и студии за народната музика и народните танци, издадена во 15 тома, со наслов „Словенството во своите песни“. Од неговите патувања по јужните краишта на Балканот произлегле уште неколку дела со слична содржина. Покрај книгата за Македонија објавил книга за Далмација и за Црна Гора, богати со слики од тие области. Лудбик Куба е автор и на книгата „Засушена палета“, но книга со нотни записи на народни песни од Македонија.