Македоника Литера

Мио, мој Мио

Астрид Линдгрен

250 ден.
164 стр., 200 х 140 мм, 2013         

„Мио, мој Мио“ се смета за едно од најдобрите дела на шведската писателка Астрид Линдгрен (1907-2002), која во светската литература е исто толку позната и по интернационално популарниот лик Пипи Долгиот Чорап од истоименото дело.

И седум децении по неговото прво издание (1954), „Мио, мој Мио“ сè уште е едно од најпопуларните дела во литературата за млади во светот. Тоа е подеднакво интересно, фасцинантно и трогателно четиво и за младите и за возрасните читатели. Ова е дело со врвно раскажувачко мајсторство, роман напишан како сказна, со приказна со многу тага, но и со среќен крај, во која има многу ефектни драматични пресврти, многу топлина и магија која ги надминува и митските димензии и во која главниот лик Мио со многу фантазија ја пополнува големата празнина од татковата љубов и грижа. „Мио, мој Мио“ е приказна која се чита во еден здив, а долго време ги бранува чувствата.

Пишувањето е стилизирано, а приказната силно потсетува на традиционалните бајки и фолклор. 

Главниот лик во овој роман бајка е дете без родители, на кое му недостига родителската љубов. Но неговата фантазија за својот татко се претфора во фантастична бајка.

Книгата започнува со претставување на Бо Вилхелм Олсон (прекар Бусе), деветгодишно момче кое е згрижено од тетка која не ги сака момчињата. Таа тетка и нејзиниот сопруг не му укажуваат доволно внимание, често го прекоруваат и малтретираат. Мајката на Бусе починала за време на породувањето, а тој никогаш не го запознал татко си. Единствен пријател му е врсникот Бенка. Еднаш од една љубезна продавачка добива јаболко и ги замулува да ѝ испрати разгледница и гледа дека е адресирана до крал, во која пишува дека неговиот син наскоро ќе се врати дома, препознаен по тоа што поседува златно јаболко. Бусе го гледа своето јаболко и одеднаш тоа се претвора во злато. Набргу потоа, Бусе наоѓа шише со дух заробен во него. Откако го ослободува, духот го препознава јаболкото и го носи Бусе во друг свет, далеку, далеку. По пристигнувањето, Бусе дознава дека неговото вистинско име е Мио и дека тој е син на кралот и со тоа тој е принц на кралството. Тој наоѓа нов најдобар пријател, Џум-Џум, и го добива коњот Мирамис од својот татко. Додека го истражува кралството на својот татко, се запознава и се спријателува со други деца, но исто така дознава дека не е сè во овој свет толку прекрасно како што изгледало на почетокот... 

Централните теми во приказната се фокусираат на пријателството кое дава сила за издржување на тешкотиите, дека понекогаш е потребно да се напушти безбедна ситуација и да се ризикува себеси за поголема кауза и дека злото честопати се совпаѓа со несреќата.

„Мио, мојот син“ е првиот роман од Линдгрен во жанрот „висока фантастика“. Во 1987 година, книгата беше адаптиран во филм како „Мио во земјата во далечина“, во режија на Владимир Граматиков. Книгата ја доби Германската награда за младинска литература во 1956 година.