Македоника Литера

Умееш ли да свиркаш, Јохана?

Улф Старк

Ана Хеглунд

200 мкд

58 стр., 200 х 140 мм, 2014

Печатена целосно во боја.     

  Едниот од двата главни лика во приказната, исто така, се вика Улф. Неговиот другар Бера посакува да има дедо. Ама Улф не е Улф ако не е голем другар, па за среќа на својот другар, знае каде може да најде дедо. Го најдоа најдобриот. Дедо, кој го направи најубавиот летачки змеј. И, кој умееше да свирка – нешто што Бера, најмногу од сè, посакува да научи.

      Умееш ли да свиркаш, Јохана е современо класично дело на Улф Старк внимателно илустрирано од Ана Хеглунд. Филмската верзија на овој хумористичен и награден расказ традиционално се емитува, секоја година на Божик, на Шведската ТВ, со Пер Оскарсон во улогата на дедото на Бера.

      „Прекрасна приказна за дружењето, авантурата, љубовта и смртта. Илустрациите на Ана Хеглунд и текстот на Улф Старк се среќаваат преку два вида уметност, сликата и литературата. Со свежина и хумор, двајцата автори создадоа книга која зрачи од поезија и животна радост“. (Жирито на наградата Август)

      Нарачај