Македоника Литера

Тоње Глимердал

  Марија Пар

  300 мкд

   228 стр., 200 х 140 мм, 2017 г.

   Ова е роман на новата Астрид Линдгрен. Палавото девојче Тоње Глимердал – `фуријата на Глимердален`, е новата Попи Долгиот Чорап.

   Во овој роман децата никогаш не се виновни, секогаш се во право и многу често се покажуваат помудри од возрасните.

   Ремек-дело за младите читатели! И за возрасните што ги сакаат младите палавковци и мудреци.
  Норвешката писателка за деца Марија Пар во своите книги ја воспева романтиката на селскиот живот, ја уважува природата и сериозно ги разбира чувствата и грижите на децата, коишто ги носат и новите времиња и самото растење. Нејзините јунаци се бестрашни, инвентивни, луцидни, бунтовни и забавни. Таков е јунакот од овој роман - деветгодишното девојче Тоње Глимердал, кое живее во долината Глимердален, а тоа е мало населено место и таа е единственото дете. Нема деца со кои би се дружела Тоње, но таа многу добро се дружи со возрасните.
   Моделот на неконвенционално семејство во кое расте Тоње, каде што таткото готви и го одржува домаќинството, а мајката оди на работа, и тоа на терен, заедно со нетипичната рустикална и традиционална средина каква што е Глимердален, претставуваат совршен спој меѓу традицијата и современиот начин на живеење.
   Иако Тоње е единственото дете во своето селце, таа е многу среќна што му е најдобра пријателка на 74-годишниот старец и нејзин кум – Гунвалд. Двајцата се прекрасно друштво, заедно прават санки, свират и пеат... и - одлично се забавуваат. Но многу често се случуваат и непредвидливи работи и се соочуваат со неверојатни тајни, заплети и пресврти.
   Приказната во овој роман покажува колку е важно да имате пријатели и како децата знаат да бидат помудри од возрасните. Сè е добро кога ќе заврши добро, но поубаво и од празник е кога тоа толку добро ќе заврши на роденденот на Тоње. А и читањето на овој роман може да се доживее како мал литературен празник.

    Нарачај