Македоника Литера

Добар ден, тато

Стјепан Томаш

200 ден.

144 стр., 200 х 140 мм, 2023

 

Емотивен роман за едно тринаесетгодишно момче, кое, откако дознава дека е посвоено, добива голема желба да ги запознае биолошките родители. На патот до таа вистина, соочувајќи се со светот на возрасните каде што владеат некои нови, посурови и понечувствителни односи и борејќи се со училишните проблеми, првите тинејџерски љубови, односите со другарите - момчето брзо созрева.

„Добар ден, тато“ е авантуристички роман, чиј главен лик минува низ бројни авантури за да ги запознае биолошките роди­тели. Од почетокот на романот, главниот лик Драгутин го води желбата да припаѓа на семејство и да ги запознае биолошките родители. Романот се сведува на неговите доживувања и чувства.

Заплетот на делото започнува ненадејно, кога од дијалог со одделенската наставничка дознава дека е посвоен и тој дијалог ќе влијае врз неговиот подоцнежен живот. Од тој момент, ништо во неговиот живот не е исто, а оваа промена по три години е засилена со средбата со неговиот дедо.

Романот е напишан во прво лице еднина. Момчето Драгутин е и раскажувач кој често кажува дека е свесен дека направил грешка, но во моментот кога ја кажува, доцна е да се поправи. Бидејќи момчето е раскажувач, би било очекувано да е многу субјективно и да не размислува критички за сè што се случило, но често вели дека не ни знае зошто понекогаш се однесувал така и дека тоа го смета за погрешно. Многу зрело и критички ги коментира своите постапки.