Петра Соукупова
400 ден.
230 стр., 200 х 140 мм, 2026 г.

Ликовите во романот се чудни и необични деца, на границата со посебни способности или со посебни потреби. Приказната е неверојатна психолошка и аналитична, во која светот и сето дејство се гледа од призмата на јунаците. Необичните деца откриваат необичен текст на секојдневна приказна, која на крајот излегува дека сепак е необична приказна. Соукупова на мајсторски начин ги открива тие необични текови и моменти на секојдневните приказни на чудните и необични деца, и со неверојатна вештина ги забележува, открива и опишува необичните нешта на чудните деца.
Мила, Петр, Катка и Франта се чудни. Или барем така мислат другите.
Десетгодишната Мила ги сака животните – особено инсектите, а најмногу пајаците. Таа е способна да „исчезне од лицето на земјата“. Кога ќе се концентрира на нешто, открива дека сè друго престанува да постои.
Петр е во четврта година, но изгледа како да е прва година. Црта прекрасни слики, но ноќе не може да спие, бидејќи се плаши од темнината. Па, не толку од темнината колку од она што е скриено во темнината. А кога заспива, има ужасни соништа.
Катка нема пријатели, а таа мисли дека е дебела и грда. Се плаши да разговара со луѓе и е среќна само кога чита.
Нозете на Франта се во лоша состојба, па затоа мора да оди на патерици. Тој е лут поради својот хендикеп и е лош кон луѓето. Ужива да снима видеа за Јутјуб, особено провокативни.
Овие четворица се среќаваат случајно. На почетокот тие не се ни пријатели, туку само чудни деца кои поминуваат време заедно, но потоа планираат заедно да избегаат од дома и имаат искуство кое не се заборава.
„Јас сум чудна, знам. Го знам тоа одамна, па се навикнав на фактот дека луѓето понекогаш ме гледаат. Или можеби не е баш навикнување, бидејќи никогаш навистина не ми било гајле. Само што секогаш можев да видам дека луѓето мислат дека сум чудна.“
Превод од чешки јазик: Наталија Тоневска Каровска
