Македоника Литера

МАКЕДОНИКА 17

МАКЕДОНИКА 17

150 мкд

      Во бројот 17, меѓу другото, се објавени два мемоарски текста – едниот е извадок од спомените на Георги Баждаров (досега необјавени во Македонија), а другиот е текстот на Германецот Ханс Ерке „Македонија во доживувањата на германскиот војник“, кој всушност е негово сеќавање за Македонија во која престојувал како војник во текот на Првата светска војна.

      Невен Радически пишува за странската пропаганда во Македонија во педесеттите години на минатиот век, а Драган Зајковски за карактеристиките на византиското религиско мисионерство во периодот од 9 до 11 век. Димитар Љоровски Вамваковски пишува за андартското движење во југозападна Македонија во 1906 година, а се публикувани и документи за масакрите на грчките андартски чети во Македонија во тој период. Александар Трајановски пишува за Иван Наумов – Алабакот, ослободителот на Крушево за време на Илинденското образование, Владимир Јанев за занаетчиската дејност ан Евреите во Македонија во 18 и 19 век, а од Александар Симоновски е објавена статија за апсењето на Миливоје Трбиќ во 1947 година.

      И во овој број е објавен литературен прилог од странски автор тематски посветен на Македонија – песна од Рафал Алберти.

      На крајот се објавен и осврти на Александар Трајановски и Васил Дрвошанов за македонистички трудови, како и информации за новообјавени трудови поврзани со македонската култура и историја.

      Нарачај