Група автори
150 мкд
Во овој двоброј Ана Витанова Рингачева пишува за феноменот на шаманизмот и неговите одблесоци во македонската народна традиција, а Славчо Ковилоски пишува за Димитра или Митра Миладинова – сопругата на Димитар Миладинов.
Невен Радически пишува за гледиштата на Јован Драгашевиќ за националниот карактер на населението во Македонија, додека пак Владимир Јанев за финансиската дејност на Евреите во Македонија (од средината на 19 век до 1912 година), а Димитар Љоровски Вамваковски за андартското движење во југозападна Македонија во 1907 година. Марјан Иваноски и Ставре Џиков пишуваат за Трајко Попов – водачот на тајната политичка организација `Македонско национално движење „Бунт“`, а Предраг Димитровски за затворските писма на Јован Котески. Софија Тренчовска објавува компаративна анализа за креативните рефлексии во драмските поетики на Ибзен и Вапцаров, додека пак Горан Тренчовски за можностите за адаптации во драмски медиуми од прозата на Ташко Георгиевски и Бохумил Храбал: трансмедијални одлики, сличности и релации. Архетипот на змејот во сказната за иницијациското патување на јунакот е темата на текстот на Весна Крстиќ-Андреевска, Васил Тоциновски се осврнува на последната книжевна објава на Дримколски, а Иван Доровски за прозата на Петре Наковски како сведоштво за трагичниот период на Граѓанската војна за Македонците во егејскиот дел на Македонија. И во овој број е објавен литературен прилог од странски автор тематски посветен на Македонија – песната на Ангел Думбравеану (Романија) „Македонија“.
На крајот се објавен и осврти на Александар Трајановски и Васил Дрвошанов, Силвана Сидоровска-Чуповска и Ана Витанова Рингачева за македонистички трудови, како и прикази и информации за новообјавени трудови поврзани со македонската култура и историја