Македоника Литера

Јас, вол. 2 – мравка

Маја Којчева
Јас, вол. 2, мравка
ryrusa.com 200.00 ден.

Книгата содржи повеќе од 70 песни, како и предговор на проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска и поговор од проф. д-р Јасна Котеска.

Јасна Котеска пишува: „'Јас вол. 2 – мравка' е мошне инспиративен, продуховен и интересен ракопис поради многу нешта. Во основа поетски, текстот е конципиран како колажен, интермедијален и метатекстовен ракопис, во кој освен прозни парчиња, има и графички интервенции и комплексна структура, која освен со бројните интертекстуални интервенции и збиени референци и автореференци..., во основа си поигрува со традиционално сфатениот затворен свет на текстот, едновремено поставувајќи го прашањето за можноста на поетскиот ракопис да влегува во дијалог со сродните семиотички системи, и што од нив може да добие.“

Книгата на Маја Којчева веќе наиде на позитивни оценки кај книжевната критика, од која е оценето дека во неа е „автентично експериментирањето со формата на стихот, внесувањето на графичките интервенции на песните, како и опседнатоста со сопствената потреба за себепронаоѓање. Постојаната творечка трансформација на поетската слика кај Којчева е забележлива во целост. Највпечатлив елемент е дијалогичноста, односно поетесата имплицира дијалог со самиот текст, па така од сопствениот имагинарен свет создава слика за тоа што ја опкружува и притоа им сугерира на читателите: 'Сништата не се делат со друг. освен со себе'. (Драгана Ефтимова)