Македоника Литера

Сонцето понекогаш

Емил Калешковски
Сонцето понекогаш
150.00 ден.

Во оваа книга, која содржи педесетина песни, се забележува отвореноста на поетот кон сите постмодернистички текови.

Токму високата доза иронија, пародичниот однос кон референтот, десакрализаторските тенденции, па дури и самоиронијата, се доволен доказ за постмодернистичките струења во неговиот поетски дискурс. Калешковски преку своите поетски остварувања комуницира, а пред сè реплицира на повеќе текстови од македонски и светски автори, користејќи ја интертекстуалноста како форма на израз. Поигрувајќи си со книжевните и со другите конвенции и вредности, поетот ја разнишува баналната и брутална логика на реалноста и создава своја, единствено валидна имагинативна логика.