Македоника Литера

Кој ќе ги згрее птиците

Искра Донева
Кој ќе ги згрее птиците (хаику)
100 ден


Во поетската книга на Искра Донева „Кој ќе ги згрее птиците“ се објавени шеесетина хаику песни на македонски и на англиски јазик.

Во книгата е објавен и поговор од Александар Прокопиев, во кој, меѓу другото, пишува: „За читателот `Кој ќе ги згрее птиците?` е стимулативна хаику збирка. Дури и листот хартија има две лица, вели една стара јапонска поговорка. Не е чудно што ваквата суптилна одредба за двојната природа на смислата доаѓа токму од Јапонија. Нијансите, треперењата, кревкоста, протокот... непрегледно е полето од каде хаику-поетот може да го набере својот блескав букет. Искра Донева ни дарува еден таков, свој хаику букет.“