Македоника Литера

Постои ли допир на твојата душа

  Ненад Шапоња

  100 мкд

  114 стр. /A5 формат (200x140)

 

    „Постои ли допир на твојата душа“ е звирка поезија на  српскиот поет Ненад Шапоња. Книгата, која има поднаслов „Позиционирање на привидот“, содржи 49 песни и поеми, од кои еден дел се веќе објавени во негови книги и претставуваат своевиден тематско-мотивски збор, а на крајот е објавен и еден есеј во кој авторот го објаснува својот поетички дискурс во својата лирика.

    Ненад Шапоња (1964, Нови Сад) е поет, есеист и критичар, чии стихови се препознатливи восовремената српска поезија по стилската перфекција, херменевтичност и метафизички увиди. Вообласта на книжевната критика промовира постмодерна поетика и идеосинкретичен императивен пристап спрема книжевните дела, што подразбира живеење во книжевноста. Десетина години пишуваше критика за Политика. Освен поезија критика, пишува и куси раскази и патописна проза.


   Неговата прва збирка поезија Ѓаконда (1990) е наградена со Бранкова награда, тогаш
најзначајната југословенска награда за млади поети. Неговата збирка есеи Бедекер на сомнежот
(1997) ги доби наградите Милан Богдановиќ и Просвета за книга на годината. Најновата негова
поетска книга Изгледам, значи не сум (2017) ја доби наградата „Мирослав Антиќ“.
Автор е наследните поетски збирки: Одрази на лажливото (1991), Очигледност (1996), Море
(1998), Четири поеми (2000), Слатка смрт (2012), на книгата избрани стихови Постои ли допир на
твојата душа? (2014), како и збирката критики и есеи: Автобиографија на читањето (1999) и
Искуството од пишувањето (2001). Ја објавил и книгата патописи Брисел се дава да се преоди лесно (2018). Приредил и неколку антологии од кои најзначајна е Просветина книга на крими раскази (2002).