Македоника Литера

Украдена љубов

Дача Мараини

250 мкд

      Дача Мараини е најпозната италијанска писателка во светот, добитник на високи награди и кандидат за Нобеловата награда за литература. За романот „Украдена љубов“ (L’Amore rubato, 2012 год.) веднаш по објавувањето ја доби наградатa од Фондацијата Кампиело (Premio Fondazione Il Campiello). Книгата е брзо прифатена од читателите во Италија – само во првите четири недели од издавањето достигна пет изданија.

      Осумте живи, реални и безвремени приказни ова дело ќе допрат и до македонската читателска публика.

      Во сите приказни, изострени и совршени, непоколебливи и способни да возбудат и да разочараат, Дача Мараини раскажува за свет поделен меѓу оние коишто со исконската тврдоглавост другиот го сметаат за објект што го поседуваат и од кого очекуваат да им робува. Покрај сите убави нешта што се поврзуваат со љубовта, ова четиво нуди една нејзина димензија по малку сурова но за жал и многу реална.

      Жените кои раскажуваат сакаат да покажат нешто интимно, неопходно и болно. Раскажуваат за насилството во името на љубовта. Протагонистките на „Украдена љубов“ водат една прастара и секогаш актуелна борба против љубените мажи, коишто, се покажува дека сè почесто не се способни да возвратат на нивната љубов, да се соочат со одбивањето, копнежот, па прибегнуваат кон поинаков начин на освојување на љубовта, крадејќи ја од жените, девојките, девојчињата...

      Нарачај