Македоника Литера

Во темнината

  Ана Болава

  250 мкд.

  228 стр./ A5 формат (200x140)

 

      „Во темнината“ е наградена со највисоката книжевна награда во Чешка „Магнезија литера“ за проза за 2016 година. Романот е лелеава приказна за билките.

    Во него е раскажана приказна за осамена и болна жена која цел живот е зависна од собирање лековити билки. Најголемиот дел од својот живот таа го посветува на собирање, сушење и продажба на билки. Собирањето, сушењето и испораката на лековити растенија за главната хероина е хоби кое се граничи со зависност; билките се на прво место, а сè друго се чини дека за неа е од мала важност. Жената е многу осамена, но таа е и многу среќна. Но, за жал, животот посветен на билките не ја заштитува хероината од сериозна болест. Приказната кажува дека секоја зависност, па дури и спрема добрите нешта, води до изолација на личноста. Книгата е напишана на убав метафоричен јазик. Оценета е како магична книга која тешко се чита во еден здив, зашто тера на размислување.

      Таа е книга во која на прекрасен начин се запознаваат убавините на природата и на билките, но истовремено е и меланхолична, сурова и болна приказна. Како да опишува (или раскажува) монотонија, а ја набљудува физичката и менталната дезинтеграција на една личност која својата смисла на живеење ја нашла во собирањето билки. Од една страна, приказната изгледа обична и секојдневна, а од друга страна, неповторлива.

    Ана Болава, чие вистинско име е Бохумила Адамова (1981) е чешка прозаистка и поетеса. Родена и е израсната во Јужна Чешка. За време на студиите на Филозофскиот факултет при Карловиот универзитет во Прага сменила неколку занимања – утрински разнесувач на весници, работничка во фабрика, чистачка во министерство... По дипломирањето на бохемистика на Карловиот универзитет, кусо време работела во Институт за чешки јазик како уредник, рецензент и јазичен коректор. Ана Болава има сопруг и три деца, а денес работи како соматолошки советник во здравствено осигурување. Одгледува црвена репка, собира лековити билки, лови риби, фотографира, чува деца и пишува текстови од различни жанрови. Живее во Прага.