Македоника Литера

Tивко рушење

Ивица Пртењача

150 ден.

134 стр. / A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

  Романот „Тивко рушење“ претставува тематско и мотивско продолжение на неговиот награден роман „Брдо“.

  Во „Тивко рушење“ авторот повторно се качува на „брдо“, но овојпат тоа се наоѓа во еден трошен стан во една загрепска улица. Главниот јунак, молер со диплома професор по литература, со својот помошник треба да ги истружат ѕидовите на еден стан и повторно да ги обојат. Се чини дека тоа е работа по негова мерка, зашто е прилично осамена рутинска работа, далеку од луѓето, во осаменост, токму како што сака тој. Но човекот што ги ангажирал и неговата животна приказна ќе ги променат животите на сите ликови во романот.

„Тивко рушење“ може да се смета како трета книга од своевидната трилогија романи во која се и „Добро е, убаво е“ и „Брдо“. Во сите три дела основниот тематски мотив е осаменоста, а главниот лик е антијунак. Овој роман е покомплексен од претходните и е напишан со чист поетски јазик, со стилски прецизни реченици, преполн со необични метафори. „Тивко рушење“ е напишан како контрапункт на Брдо