Македоника Литера

Павел, душо моја

Алексеј Варламов

400 ден

320 стр., 200 х 140 мм, 2022

Павел Непомилуев е седумнаесетгодишен, наивен, искрен, мечтателен младич, израснат во советски дух кој искрено верува во идеите на социјализмот. Израснат во затворен стратешки град некаде во Сибир, Павел доаѓа во Москва за да се запише на филолошкиот факултет иако е целосно нефилолошки по карактер и по менталитет. Знаењето за упис не е доволно, но со интервенција на некои сили тој успева да се запише на саканиот факултет. Но наместо на предавања тој завршува во државна колективна фарма за собирање компири...

„Павел, душо моја“, што всушност е репликана на стихови на Пушкин, е искрена романса, роман за растењето, за првото вљубување, за првото сексуално искуство, за првата голема средба со реалниот живот, за храброста да се преиспитаат сопствените верувања и да се бранат пред другите. Тој е збунет поглед на советската реалност низ очите на некој кој верувал во идиличниот и среќен живот од плакатите. Но не е носталгија за СССР, туку повеќе приказна за руското минато и предупредување за иднината. Тој е интрига, но привлечна за читање.