Џиб Михаеску
500 ден
200 х 140, 320 стр., 2023
Ремек-дело на еден од најголемите романски класици.
Еден од најдобрите воени романи на европската литература, воен роман во форма на модерна бајка.
Дејството – на границата меѓу Романија и Русија, набргу по Октомвриската револуција.
Главен лик – романски офицер, растргнат меѓу воените обврски и романтичниот порив спрема жените кои се неговата најголема опсесија. Дали тој ќе го најде својот идеал, изграден со читањето на класични руски автори, или ќе сретне многу поинаква Русинка? Потрагата по идеалната жена се претвора во своевидна детективска приказна, на чија заднина се откриваат многу човечки судбини.