Македоника Литера

Живот во гроб

Стратис Миривилис

600 ден.

348 стр., 200 х 140 мм, 2025 г.

Романот ,,Живот во гроб“, со поднаслов „Книгата на војната“, досега доживеа над педесет изданија на грчки јазик, преведен е на многу јазици и е најиздаваниот, најпопуларниот и најчитаниот роман во грчката литература.

Напишан е во форма на писма, испраќани до саканата девојка од фронтот во близина на Битола, на падините под Пелистер за време на Првата светска војна. Изобилува со прекрасни лирски описи за лични и војнички чувства, на убавината на природата, но и за мачните доживувања, страдањата на војниците и грозотијата на војната и претставува голем антивоен роман.

Стратис Миривилис – родено име Ефстратиос Стаматопулос (1890 – 1969), е еден од најзначајните и најчитаните грчки писатели. Роден е на  островот Лезбос, а студирал филологија и право во Атина. Бил учесник во Балканските војни (1912-1913), во Првата светска војна и во Грчко-турската војна во Мала Азија во 1922 година која катастрофално заврши за Грција и која доведе до размена на населението врз етничка и верска основа, при што 600.000 Маџири беа населени во Егејска Македонија.

Миривилис бил член на грчката академија на науките, претседател на здружението на грчките писатели, член на Меѓународниот институт на уметностите и литературата и на многу други здруженија.

Трипати бил номиниран за Нобеловата награда за литература (1960, 1962, 1963).

Миривилис е најизразит прозаист и најдобар претставник на генерацијата грчки писатели од дваесеттите и триесеттите години на дваесеттиот век. Негово најзначајно дело е ,,Живот во гроб“, е објавено во 1924 година. Поради одредени негови белешки, мислења и признанија на висти­ната романот ,,Живот во гроб“ четирипати беше забрануван, и тоа во времето на диктатурата Метаксас (1936-1939), Втората светка војна (1941-1944), Граѓанската војна (1946-1949) и диктатурата на полковниците (1967-1974). Всушност, забраните се од политички причини, а поврзани со македонските теми во романот.

Покрај најпознатото дело ,,Живот во гроб“, автор е и на следните дела: „Учителката со златни­те очи“ (1933), „Сирена Мадона“ (1945) и збирките раскази: „Црвени приказни“ (1915), „Раскази“ (1928), „Зелената книга“ (1936), „Сината книга“ (1939); „Црвената книга“ (1952) и „Црвената книга на цреша“ (1959).

Досега ниедно негово дело не беше публикувано на македонски јазик.

Преводот од грчки јазик е на Петре Наковски.