Матко Сршен
450 ден.
200 х 140 мм, 254 стр., 2026
Рокашкото Кралство е детска држава основана од малите жители на квартот Иза Рока во Стариот Град на Дубровник во средината на 1950-тите. Жителите на тоа кралство од фантазиите се само деца постојано желни за игра. Стариот Град и неговите ѕидини се совршена сцена за нивната деноноќна претстава, но и за нивната причина за постоење.
„Рокашкото Кралство“, сепак, не е книга за деца, туку воен роман. Невообичаен по својот вид, но сепак воен роман, во кој малите Рокаши водат војна со големите момци, членови на Народната милиција. Од едната страна се возрасни, вооружени со пиштоли и палки, а од другата се деца кои своите „кралски вештини“ ги стекнале статирајќи во дубровничките театарски претстави, вооружени со имагинација што ги надминува сите општествени граници. Секое кралство е должно да ја брани својата територија, а Рокаши се обидуваaат да го наметнат својот суверенитет.
„Ова е автобиографски роман чие дејство се одвива во квартот Иза Рока во Дубровник, именуван по црквата „Свети Роко“, на чиј ѕид кон крајот на 16 век еден свештеник, полуден од играта на момчиња со топка, напишал: Мир со вас, запомнете дека и вие што играте топка ќе умрете. Романот на Сршен ја раскажува приказната за група момчиња кои, ни помалку ни повеќе, го основале своето кралство, предводено од кралот Роко II. Секое кралство е должно да ја брани својата територија, а Рокаши се обидувале да го наметнат својот суверенитет. Со едноставен, прецизен јазик, авторот ја доловува атмосферата на град каде што секој кварт имал свој посебен менталитет, каде што границите строго се почитувале, а доколку било потребно, дури и децата се бореле за нив.“ (Антун Павешковиќ, литературен критичар)
Превод од хрватски јазик: Славчо Пеев
